CrossFit Skopje | Forging Elite Fitness

Пробај КросФит – Бесплатен час

Пријави се

Lino Cervar
Lino CervarRK Metalurg
Crossfit Skopje je jedan od rijetkih klubova za snagu i kondicji po svojoj profesionalnosti sa kojim sam radio u mojoj karieri. Imaju jedinstven i visokokvalitetan pristup u radu sa sportasima. Kod njih rezultate su zajamceni. Sa Zoranom, kao moj kondiciski trener sa kojim sa radio, lako sam postigao razinu fizicke pripreme koja je bila potrebna za kvalitetnu igru! Preporucujem svima, a posebno profesionalnim sportasima koi su odlucili da povecaju razinu svoje igre!
Вук Малетиќ
Вук Малетиќ
За Кросфит Скопје слушнав уште на самите почетоци на клубот и по препорака на пријатели одлучив да се зачленам. Највеќе ме привлече дисциплината на олимписко кревање на тегови. Сè уште сум активен член и планирам така да остане и во иднина.
Јана Дуковска
Јана Дуковска
Кросфитот ми се чини дека е најтешка, но најдбра дисциплина. Го закажав првиот приватен тренинг со Ненад кој се докажа како најдобар тренер и педагог со кој сум имала прилика да вежбам. Малку теорија и вежби, лесно и забавно, но јас се осеќав како инвалид и најпоразително ми беше што успеав да направам само ПОЛА склек. После две недели стигнав до склек и пол и се откажав. Јас се откажав, ама НЕ се откажа тренерската екипа предводена од Зоран. После 4 месеци напорна работа 14 кг помалку, формирани мускули, исправено држење, самодоверба, кондиција како спортист и чувство дека можам да го освојам светот. Прекрасно е чувството дека победувате на секоја утакмица нели? Е тоа е Кросфит. Благодарам ЕКИПО!
Љупчо Алексовски
Љупчо Алексовски
Вежбав многу спортови, нешто професионално нешто рекреативно, но кросфитот ми помогна да го постигнам реалното ниво на фитнес. Не се чуствував само силен, туку и полн со енергија. Научив многу движења кои помагаат во секојдневниот живот и во останатите спортови. Кросфит Скопје не го прават направите специјален туку луѓето кои вежбаат. Зоран Иванов е тренер за пример, неговото внимание за секој кросфитер, неговата способност за мотивација, вистинското познавање на сите движења го прави овој спорт уште понинтересен. Кросфитот во Скопје ми го промени животот. Живеев кросфит и планирам пак да живеам.
Мартин Стефановски
Мартин Стефановски
КросФит Скопје е местотото каде ги обавувам моите кондициони тренинзи надвор од вода. Како во вода, тренинзите на суво се исклучително важни во мојата професија. Со тренерот Зоран Иванов е заслужен за мојата физичка подготовка. Напорно работиме 5 дена во неделата и полека но сигурно чекориме кон остварување на нашата цел за оваа година, Олимписките игри во Рио.
Тони Зен
Тони Зен
Спортската душа секогаш бара нови предизвици, никогаш не и е доволно, самоуверена е, исполнета и задоволна само кога има напредок, кросфитот е суштината, тој е најголемиот непријател на егото но најдобриот на напредокот, тој е психомоторика, тој може да те повреди но и да те закрепне и направи уште посилен, силен до моментот кога болката преминува во задоволство и кога умот го надвладува егото, тогаш, не постои бариерата "НЕ МОЖАМ", постојам само ЈАС и КРОСФИТ, затоа што тоа не е само спорт...тоа е начин на живот. Респект КФСК!

Вежба на денот

Loading...