fbpx

ASHTANGA Yoga

From the Blog

ASHTANGA Yoga

Со големo задоволство ви најавуваме дека во КросФит Скопје ќе почнеме со Аштанга Јога која ќе биде во функција КросФит тренингот, со фокус на рекуперација и мобилност на телото (mobility and recovery). Искористете го овој ПРОМОТИВЕН период да го почуствувате благодетот и направете ја разликата.

Аштанга е физичка јога, која преку акцентирање на три точки (дишење, положба на тело и концентрација) развива внатрешна сила и стабилност.
Зошто?
– флексибилност и истегнување на мускулите
– вежбање концентрација и насочување на истата (многу важно кога се работи со големи тежини)
– детоксификација на мускулите и внатрешните органи
– релаксирано, но цврсто тело
– контрола на дишењето
Што добивате од тоа?
– здравје
– отсуство на мрзливост во телото
– смирен ум
– поквалитетен живот
– минимализиран ризик од повреди
– насока и јасна цел, како на тренинзите така и во животот
Дојдете и пробајте денес во 18:00 часот во сала!

Loading...