Дали КросФит е за мене?

Дали КросФит е за мене?

Ако сте некој/а кој:
Сака да ја подобри физичката подготвеност, но не ви допаѓаат комерцијалните теретани,
Не сака да биде опкружен/а со луѓе кои повеќе зборуваат отколку што вежбаат,
Изгубил/а интерес во досегашната рутина на вежбање,
Мисли дека нема доволно време за вежбање,
Бара да биде побрз/а или посилен/а во вашиот спорт, или
Не постигнува резултати со моменталниот тренинг,
Тогаш CrossFit е за Вас. Нашиот тренинг е динамичен и секој пат различен. За разлика од секојдневните теретани и вежбањето по денови каде го повторувате еден ист тренинг два, три или повеќе пати неделно, CrossFit Skopje Ви нуди програм каде не се повторуваат тренинзите, па помалку веројатно е дека ќе изгубите интерес или пак да Ви се здосади од тренинзите. Бидејќи нашите тренинзи многу ретко траат повеќе од 45 минути, може да ги усогласите дури и во најзафатениот распоред на Вашите секојдневни обврски. CrossFit е фитнес програм формиран врз база на докази. Докажано е дека резултатите може да се постигнат. Многу луѓе досега имаат постигнато радикални промени во нивото на подобрување на брзината, силата, агилноста, кондицијата и изгледот на нивното тело.
Не двоумете се, јавете се веднаш и бидете и Вие дел од CrossFit.

Loading...