fbpx

Димитрија Сековски – Кросфитер на месецот август

From the Blog

Димитрија Сековски – Кросфитер на месецот август

По скоро две години членство во Кросфит – Скопје, сметам дека сум стекнал скромно, но вредно искуство кое би сакал да го споделам со сите оние што сакаат да направат нешто повеќе за својата општа физичка состојба и размислуваат во кој тип на тренинг програма да се вклучат.

Претходните десет години ми беа исполнети со интензивна посветеност на современиот принцип (канцеларија, кола, кафана и кревет).  Ова во комбинација со исклучително ниска физичка активност, го наплати својот данок. Мислев дека не постои ефикасен начин за надминување на оваа состојба. Долг период го пролонгирав моментот на посериозно соочување со суштината на проблемот.

DSC02006 (1)

 

Работите значително се сменија откако дознав за кросфитот од едно телевизиско интервју на тренерот Зоран Иванов. Одлучив да пробам дали овој пристап е можеби она што ми треба, со оглед на „големината“ на предизвикот.

 

 

По само неколку месеци напорна работа и многу квалитетно водство од Зоран и неговиот тренерски тим, постигнав резултати кои не сум ги замислувал дури ни на порана возраст, кога сум бил прилично физички активен. Моите првични очекувања беа повеќекратно надминати. И тука не мислам само на совладаните комплексните движења, зголемувањето на снагата, издржливоста, координацијата и мобилноста, туку и на освежувањето на целокупната енергија која секојдневно ми помага полесно да ги совладувам препреките и надвор од салата. Кросфитот ми ја даде и мотивацијата да го променам начинот на исхрана и значително да го подобрам телесниот состав. Едноставно, тој ја има моќта да нé подготви за бројни физички и психолошки предизвици во животот.

Кросфитот ја има моќта да нé подготви за бројни физички и психолошки предизвици во животот.

Едно од моите последни искуства е учеството на велосипедската тура „Тур де Галичица“ во Преспа. Иако, велосипед возам од многу неодамна, благодарение на тренингот во сала, успеав за околу 8 часа да ја извозам оваа тура од 71 km. Добар дел од патот беше доста напорен, бидејќи ова беше прво off-road искуство за мене. И додека инспирацијата ја црпев од убавините на Галичица и Преспанското Езеро, издржливоста ја должам исклучиво на кросфитот, бидејќи немав никаква друга подготовка, ниту некои посериозни велосипедски тури. Дури ни грчот на мускулатурата на најтешките делници од турата, не ме поколеба да се откажам.

IMG_0575

 

И додека вредноста на кросфитот за спортистите е веќ е општо позната, јас би сакал да го препорачам на и сите оние кои сакаат рекреативно да се занимаваат со спорт, а мислат дека се во лоша физичка состојба. Не мислам дека постои друг метод на вежбање што овозможува таква комплетна трансформација, за релативно кратно време. Ако се прашувате дали е напорно, одговорот е „да, многу“. Но, исто така, никогаш не е монотоно и досадно, што мислам дека е клучот за успех на сите оние кои не успеваат да најдат интерес и време за физичка активност.

 

Димитрија Сековски – Кросфитер на месецот август

Loading...