fbpx

Докажани совети за организација на времето во функција на здравјето!

From the Blog

Докажани совети за организација на времето во функција на здравјето!

Времето e пари! Ако имате барем малку слободно време, ќе го потрошите залудно без да знаете! Со цел максимално да го искористите времето во текот на денот, мора да направите приоритети! За жал вежбањето е секогаш на последно место, бидејќи секогаш имаме поважни работи од вежбање! Но тоа е во директна корелација со нашето здравје, па затоа мора да добие висок приоритет во организацијата на нашето време!
Искористете ги овие 3 совети за да си обезбедите време за вежбање односно за вашето здравје!
1.Закажете го вашиот термин за вежбање!
Ние во КросФит Скопје веќе три години користиме онлајн систем за резервација на вашите часови кој е веќе докажан. Искористете ја оваа можност преку нашиот РАСПОРЕД на часови! Ние ви нудиме можност да вие сами си го организирате времето и да си одберете термин за вежбање кој на Вас ви одговара! На овој начин вежбањето ќе добие приоритет во дневната организација.
Совет: Секогаш бидете на време за вашиот тренинг со цел максимално да го искористете вашето време, бидејќи сепак се работи за вашето здравје!
2.Земете ја вашиот сопруг/а со вас!
Многумина мислат дека неможат да одвојат време за вежбање поради обврските во семејството! Едноставно земете го вашиот сопруг/а со вас, ем ќе добиете 50% попуст (попустот важи само за сопружници) ем двајцата ќе го подобрите вашиот фитнес, а со тоа и квалитетот на вашиот живот во семејството! Верувајте ДОКАЖАНО е! На вас останува само да пробате!
3.Однаред подгответе ги оброците!
На овој начин секогаш ќе имате квалитетно подготвена храна и што е најважно нема да пропуштате оброци! Искуствено, денот Недела е најдобар ден за подготвувањето на храната за тековната недела за вашето семејство! Се што треба да направите е да одвечер ја извадите храната за наредниот ден, да се одмрзне и сте подгтвени за уште еден успешен ден!
Да одам на тренинг или НЕ? Најголемата дилема! Премногу сте изморени или многу стрес на работа! Во тој случај се препорачува да одите на тренинг! Ние во КросФит Скопје секогаш имаме разбирање и решение како да ви помогнеме во вакви ситуации. Ако се чуствувате како „без енергија“, кажете му на вашиот тренер тој ќе ви ја прилагоди вежбата за да само бидете во движење со цел да го ресетирате вашето тело и мозок. Работете полека без брзање, без притисок, имаме „уште 100 години“ да работиме на подигнување на нашиот фитнес! На овој начин ќе се ослободите од стресот и ќе имате квалитетен сон! Доколку се чуствувате премногу изнемоштени, тогаш наместо да вежбате побарајте од вашиот тренер да ви даде вежби за мобилност и флексибилност кои ќе ви помогнат во опуштање на затегнатите мускули. Како и да е ставете го телото во движење бидејќи тоа е едиствениот начин како ќе се ослободие од стресот и токсините кои сте ги наталожиле во текот на денот.
Се надеваме дека овие совети ќе ги најдете корисни. За сите прашање може да се обратите на контакт телефонот, емаил, фејсбук фан страната или на некој од нашите часови!
ВЕЖБАЈ ПАМЕТНО, НЕ ВЕЖБАЈ НАПОРНО!
Loading...