fbpx

Olympic weightlifting seminar

Olympic weightlifting seminar

Olympic weightlifting seminar

Loading Map....

Date/Time
Date(s) - 28/05/2016 - 29/05/2016
8:00 am - 6:00 pm

Location
crossfit skopje

Categories No Categories


Дојдете и поминете го денот на почетниот семинар за Oлимписко кревање на тегови организиран од КросФит Скопје. Научете ги основите на олимписко кревање на тегови и усовршете ги вашите вештини со експертски надзор и тренери.

Извлекување (snatch) и подигнување со исфрлање (clean and jerk) ќе Ви ја подобрат брзината, силата, координацијата, агилноста, прецизноста и рамнотежата на тренинг за сила. Овие движења се неопходни за вашиот сила и снага и сигурно ќе ви го подобрат вашиот спортски перформанс.

Семинарот е ОТВОРЕН ЗА СИТЕ СПОРТИСТИ. Сите помлади од 18 години, ќе треба да приложат согласност за учество со потпис од нивните родители или старатели.

Би сакале да го охрабриме УЧЕСТВОТО НА ДЕВОЈКИ СПОРТИСТИ. Не се двоумете да ја покажете женствената сила. Силна девојка е самоуверена девојка. Дојдете и придружете ни се за еднодневна забава и тренинг.

Семинарот ќе се состои од целодневна програма. Програмата ќе се одржи во сабота 28ми и недела 29ти Мај 2016. Секој ден ќе има место за максимум 10 учесници.

08:30 – Отварање на салата
09:00 – 13:00 – Теоретско воведување на олимписко кревање на тегови
– Извлекување (Snatch)
– Подигнување со исфрлање (Clean and Jerk)
– Програмирање
– Помошни и додатни вежби
13:00 – 14:00 – Ручек (вклучена е во цената)
14:00 – 15:30 – Тренинг за извлекување (Snatch) (вклучува помошни вежби)
15:30 – 17:00 – Тренинг за подигање и исфрлање (Clean and Jerk) (вклучува помошни вежби)
17:00 – 17:30 – Финални прашања и одговори

Еднодневен 8 часовен семинар чини:
Рана регистрација – 1500ден (до 18.05.2016)
Стандардна регистрација – 2000ден
Секој ден ќе има место за максимум 10 учесници.

Објект:
КросФит Скопје има тушеви и соблекувални.

Паркинг:
Има бесплатен паркинг во околината на КросФит Скопје.

Храна/Пијалаци:
Учесниците слободно можат да донесат свои пијалаци и храна, но во објектот нема кујна. Во близина на објектот има неколку маркети, ресторани и кафе барови. За време на паузата ручекот ќе биде обезбеден од страна на КросФит Скопје!

Bookings

Bookings are closed for this event.

Loading...