fbpx

ИНСУЛИНОТ И НЕГОВАТА РЕАКЦИЈА НА ХРАНАТА

From the Blog

ИНСУЛИНОТ И НЕГОВАТА РЕАКЦИЈА НА ХРАНАТА

Во претходниот текст зборувавме за трите основни макронутритиенти кои треба да ги внесуваме во секој оброк. Во овој текст ќе зборуваме за реакцијата на Инсулинот на трите макронутритиенти.
Инсулинот хормон во телото е директно поврзан со нивото на шеќер во крвта. Кога ќе внесеме храна во која преовладува шеќерот, тогаш рапидно се зголемува нивото на инсулин со цел да се избалансира хормоналниот систем. Д-р Дејвид Мендоза ги има проучувано и има објавено детална листа на нивото на гликемиски индекс кај различни производи. Бидејќи Инсулинот е еден од основните хормони за живот на човеко тој е поврзан со останатите многу бројни хормони во телото. Сликовито тоа изгледа вака:
Нашиот организам е како вага. Постојано тежнее да биде во некоја балансирана состојба за да може нормално да работи и функционира. Кога еден од овие системи е нарушен тогаш телото, целата енергија што ја има акумулирано ја троши за да ги избалансира овие системи и повторно да го стави организмот во нормална состојба. Хроночната состојба на хормонален дисбаланс во телото е основна причина за сите болести на човекот.

6a00e554f403b68834013485162a30970c

Пример: За ручек имаме тава ориз со пилешко и зелка салата. Вообичаено јадеме едно до две копанчиња масо и премногу ориз скоро 1/3 од тавата ( накои од нас можат и ½, верувајте) со малку салата. Потоа за десерт имаме некој колач или парче тортичка…и на крај една чаша Џус 100% портокал (добар маркетинг) или пак Кока Кола Зеро. Со ова јадење 90% од луѓето се убедени дека здраво се хранат. За жал не е така.

Анализа: Белиот ориз спаѓа во категоријата на продукт со многу висок гликемиски фактор дури 73 GI. Др. Давид Мездоза ги има анализирано гликемискиот индекс продуктите. Доволен е оризот за да предизвика рапидно зголемување на Инсулинот односно да предизвика хормонален дисбаланс. Следува колачот или тортата се базира на преработен шеќер. Газираниот сок или џус исто така се базира на шеќер. Едноставно кажано, сме внесле огромна количина на шеќери во телото кои на подолг рок само му штетат на телото отколку што му помагаат. Бидејќи шеќерот не е основната храна која му е потребна на организмот да функционира нормално, мал дел се преработува, но поголемиот дел се складира во телесни масти бидејќи мозокот добил сигнал внесениот дел не е доволен и остатокот го складира како резерва за да црпе енергија за понатаму во денот. На овој начин на исхрана, модот на телото за складирање е постојано вклучен. Телото повеќе складира масти, бидејќи внесената храна не е доволна за производ на енергија отколку што ги троши за произведување на истата.
Еве пример како со истите состојки ќе се направи оброк кој нема рапидно да го зголеми Инсулинот. Пилешкото месо го приготвуваме посебно по наш вкус или желба. Може печено, пржено (со маслинов зејтин), динстано…вие одберете. Драстично ја намалуваме количината на оризот и ја сведуваме на една до две супени лажици. Вие одберете на кој начин ќе го приготвите. Ја зголемуваме количината на зелка салата. Колку што би собрало салата во дланка и пол. На ова додаваме сменки околу 8 до 12 зрна. Ги исфрламе колачите и газираните сокови.

Да не се разбереме погрешно! На телото му е потребна храна со висок гликемиски фактор, но не во тие количини. Затоа ние препорачуваме да се јаде балансирана исхрана.
Најдобар и најлесен начин за балансирана исхрана е Зонската исхрана. Во понатамошните текстови ќе ви објасниме како да ја употребувате и кои се нејзините бенефити.
3,2,1 Старт!

Loading...