fbpx

Како да одберете CrossFit сала?

From the Blog

Како да одберете CrossFit сала?

We believe that where you train is less important than how you train, and whom you train with matters more than what gear you have. We know this can be done anywhere. We’ve proven that the back yard to the garage to the warehouse is as good an environment as any for forging elite fitness. – CrossFit HQ
Информирајте се Внимателно!
Пред да се одлучите да пристапите кон некоја CrossFit сала или пак сала која се нарекува CrossFit, мора да се уверите дека таа е оригинална „Испостава“ односно “Affiliate” на CrossFit, каде тренерите ги имаат потребните квалификации. На овој линк може да ги побарате тренерите и нивните КросФит квалификации:

http://trainerdirectory.crossfit.com
Добра вест е дека во моментов има преку 8000 Испостави во светот, па така најверојатно ќе најдете некоја.
Лоша вест е дека не секое место на кое пишува CrossFit е вистинска Испостава – Affiliate на КросФит.
Главен извор за сите прашања околу CrossFit-от е матичниот веб сајт www.crossfit.com.
За да ги решите сите дилеми околу потрагата по КросФит сала, отворете го линкот и побарајте го името на салата во која саката да вежбате на официјалната карта:

http://www.map.crossfit.com

Доколку не се појавува името на салата која ја барате на оваа листа, тогаш бидете сигурни дека не се официјална Испостава.
На пример: Доколку сопственикот на „Super CrossFit” или пак „Тотал Фитнес“ вели дека се испостава и дека даваат КросФит часови, а го нема на картата, тој не само што го злоупотребува брендот на CrossFit и прави кривично дело, туку и ги става луѓето во опасна ситуација каде можат сериозно да се повредат. Затоа КросФит Скопје работи според одобрената методологија на CrossFit и не правиме модификации кои ќе ја загрозат безбедноста на вежбачите.

fred flintstone crossfit

Видете со свои очи…
Откако сте ја одбрале салата (се надеваме дека е официјална Испостава на CrossFit) каде вие би сакале да тренирате, најдете време лично да ја посетите салата. Разговарајте со тренерите, разговарајте со нивните членови. Поминете некое време во набљудување како тече еден CrossFit час. Со самото тоа што сте присутни ќе научите многу за салата, тренерите, луѓето и атмосферата.
Ако видите дека тренерите се облечени во тесни маици кои ги покажуваат нивните мускули, имаат многу огледала околу себе, разни ТВ монитори, повеќе време си разговараат отколку што демонстрираат, а вежбачите нешто сами се обидуваат да работат тогаш најдобро е да си заминете од местото.
Исто е, ама не е исто…
Иако основите на CrossFit-от се исти каде и да одите, секако дека две сали не се исти. Најважно е вие да се чуствувате пријатно и отворено со тренерите и салата. Секој може да напише вежба на табла и да каже 3,2,1 Старт… Но внимавајте на тоа како тренерите ве менторираат, комуницираат и како го организираат часот. Во салите за CrossFit нема огледала, може да има статични Велосипеди и други ергометри, но секако дека нема машини за вежбање. Можете да погледнете како изгледа нашата сала CrossFit Skopjе на сликата подолу.
12402215_517946135052045_5009014263904271681_o(1)

Луѓе, се е за Луѓето!
Во повеќето комерцијални вежбални не е потребно да се запознавате со некој до Вас. Во секој случај тие се зафатени со гледање на некои спотови или филм на некој монитор додека вежбаат „Кардио“.
Од друга страна пак, во КросФит-от е 100% насочен кон луѓето со кои вежбате секој ден. Не се бара од вас да ги сакате/дружите сите што вежбаат, но немој да се изненадите ако станете многу добри пријатели или си помогнете во животот.

ADIDAS и ADIBAS не е исто, нели!
Искрено се надеваме дека нашите совети ќе ви бидат корисни. Но како и да е, одлуката е секогаш Ваша.

12-001

Зоран Иванов
CrossFit Level 2 Trainer

Loading...