Како да одберете КросФит сала?

Како да одберете КросФит сала?

Како да одберете Кросфит сала (т.н BOX)
Бидејќи премногу е добро кажано од моите колеги и другари од CrossFit HQ, затоа ќе ги цитирам:
“We believe that where you train is less important than how you train, and whom you train with matters more than what gear you have. We know this can be done anywhere. We’ve proven that the back yard to the garage to the warehouse is as good an environment as any for forging elite fitness.” – CF HQ.
Информирајте се Внимателно!
Пред да се одлучите да пристапите кон некоја КросФит сала, мора да се уверите дека таа е оригинална „Испостава“ односно “Affiliate” на КросФит, каде тренерите ги имаат потребните квалификации. На овој линк може да ги побарате тренерите и нивните КросФит квалификации: http://trainerdirectory.crossfit.com/
Добра вест е дека во моментов има преку 5000 Испостави во светот, па така најверојатно ќе најдете некоја во вашето место на живеење.
Лоша вест е дека не секое место на кое пишува CrossFit е вистинска Испостава – Affiliate на КросФит.
Главен извор за сите прашања околу КросФит-от е матичниот веб сајт www.crossfit.com.
За да ги решите сите дилеми околу потрагата по КросФит сала, отворете го линкот и побарајте го името на салата во која саката да вежбате на официјалната карта: http://www.crossfit.com/cf-affiliates/ . Доколку не се појавува името на салата која ја барате на оваа листа, тогаш бидете сигурни дека не се официјална Испостава.
Доколку сопственикот нa пример “Fred Flintstone CrossFit ” вели дека се испостава, а го нема на картата, тој не само што го злоупотребува брендот на CrossFit и прави кривично дело, туку и ги става луѓето во опасна ситуација каде можат сериозно да се повредат. Ние ги тренираме луѓето според одобрената методологија на CrossFit и не правиме модификации кои ќе ја загрозат безбедноста на вежбачите.
Видете со свои очи…
Откако сте ја одбрале салата (се надеваме дека е официјална Испостава на КросФит) каде вие би сакале да тренирате, најдете време ја лично да ја посетите салата. Разговарајте со тренерите, разговарајте со нивните членови. Поминете некое време во набљудување како тече еден КросФит час. Со самото тоа што сте присутни ќе научите многу за салата, тренерите, луѓето и атмносферата.
Ако видите дека тренерите се облечени во тесни маици кои ги покажуваат нивните мускули, имаат многу огледала околу себе, разни ТВ монитори, повеќе време си разговараат отколку што демонстрираат, а вежбачите нешто сами се бидуваат работат тогаш најдобро е да си замините од местото.
Исто е, ама не е исто…
Иако основите на КросФит-от се исти каде и да одите, секако дека две сали не се исти. Најважно е вие да се чуствувате пријатно, лагодно и отворено со тренерите и салата. Секој може да напише вежба на табла и да каже 3,2,1 Старт…но внимавајте на тоа како тренерите ве менторираат и комуницираат, како го организираат часот итн. Во салите за КросФит нема огледала, може да има статични Велосипеди и други ергометри, но секако дека нема машини за вежбање. Сепак одлуката останува на Вас.
Луѓе, се е за Луѓето!
Во повеќето комерцијални вежбални не е потребно да се запознавате со некој до Вас. Во секој случај тие се зафатени со гледање на некои спотови или филм на некој монитор додека вежбаа „Кардио“.
Од друга страна пак, во КросФит-от е 100% насочен кон луѓето со кои вежбате секој ден. Не се бара од вас да ги сакате/дружите сите што вежбаат, но немој да се изненадите ако станете многу добри пријатели или си помогнете во животот.
ADIDAS и ADIBAS не е исто, нели!
Искрено се надевам дека нашите совети ги најдете корисни. Но како и да е, одлуката е секогаш Ваша.

Loading...