fbpx

Кој е најтешкиот дел од КросФит Тренингот?

From the Blog

Кој е најтешкиот дел од КросФит Тренингот?

Верувале или не најтешкиот дел од КросФит тренингот е: ДА БИДЕТЕ ИСКРЕНИ КОН САМИТЕ СЕБЕ!
Што значи ова?

Од моето долго годишно искуство како КросФит тренер и тренер за Снага и Кондиција можам да заклучам дека многу е мал бројот на луѓе се ИСКРЕНИ и САМО КРИТИЧНИ КОН СЕБЕ кога станува збор за изведување на тренинзите и почитување на стандардите на движењата.
Кросфит тренингот не само што не подготвува физички туку и психички. Ние сме најслаби во овој вториот дел. Едноставно се откажуваме….сакме ДОБАР РЕЗУЛТАТ СО МАЛКУ РАБОТА….

Сите ние имаме натпреварувачки дух во себе. Постојано сакаме да ПОБЕДУВАМЕ или пак да бидеме најдобри кога сме во група на луѓе. Најголемиот АПСУРД се случува кога „ќе се соочиме со реалноста“ односно кога ќе почне КросФит тренинг или тренинг со висок интензитет, тогаш се случуваат „300 чуда“.

Водени од оваа желба за да се биде „најдобар“, од една страна, а од друга страна немаме доволен физички капацитет (што е најчест случај), најчесто го модифицираме тренингот и ги кратиме движењата односно не ги изведуваме правилно или пак си кратиме дел од повторувањата.
На пример: ако сме требало да направиме 25 Брпис, а нас ни станало многу тешко на 20, останатите 5 едноставно не ги правиме и продолжуваме понатаму со изведувањето на следните вежби, за да на крај завршат „со најдобро време“ или пак го темпираат времето да завршат веднаш после најдобрите. Е сега најлошо е тоа што некои луѓе си се лажат самите себе и кажуваат дека направиле 25. А другата категорија на луѓе вика „еј…многу ми е…се изморив“ и престанува да ја прави вежбата и поминува на наредно движење.
Далеку од тоа дека тренингот е лесен од една страна, ниту пак треба да се „убивате од вежбање“ односно да одите повеќе од вашиот максимум. Но, на овој начин вие си правите лошо самите на себе. Го модифицирате тренингот и не го добивате бенефитот од вежбањето. Ова е точката на кулминација, од каде почнува да се гради и зајакнува менталниот склоп на физичка и ментална издржливост.

ВЕЖБАЈ ПРАВИЛНО, НЕ ВЕЖБАЈ НАПОРНО!

Имаме две опции како успешно да се справиме со овој предизвик. Двете опции бараат висок ниво на МОРАЛНИ ВРЕДНОСТИ, ИСКРЕНОСТ, ПОСВЕТЕНОСТ и ИСТРАЈНОСТ.
1. Да си признаеме самите на себе дека имаме слаб физички капацитет и да си се фатиме за работа (следиме советите на инструкторите и истрајни во редовноста), па на крај краева за тоа и одиме на тренинг, да зајакнеме и да градиме снага и кондиција, а не да се покажуваме колку сме најдобри…Единствено треба да се споредуваме со САМИТЕ СЕБЕ и да бидеме подобри од претходниот ден.
2. Да ги правиме вежбите правилно и како што се пропишани со физичкиот капацитет кој го имаме и да го дадеме својот максимум за тој тренинг, без разлика колку време ни е потребно. На овој начин ќе се осознаеме самите себе, што ни фали, што треба да научиме, бидејчи само на оовој начин можеме да бидеме подобри.
Затоа, ние тренерите постојано сме со вас, ве следиме, МЕНТОРИРАМЕ и водиме низ вежбите…ИСКОРИСТЕТЕ НЕ….

Една од моите најупотребувани насоки кон кросфитерите кои им ги давам додека вежбаат, покрај командите за изведување на правилни движења се: ….изведувајте целосни движења и БИДЕТЕ ИСКРЕНИ КОН САМИТЕ СЕБЕ, бидејќи НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ ОД ТРЕНИНГОТ Е ДА БИДЕТЕ ИСКРЕНИ КОН САМИТЕ СЕВЕ…

Само со ваков пристап можеме да бидеме подобри. Кога велам подобри мислам како во сала на тренинг, така и надвор од сала. Бидејќи, ние сакаме сетоа она што ќе го научите во нашата сала да го применувате во секојдневниот живот кога ќе ви биде потребно. Сакаме да бидете ментално јаки и да не се откажете на првиот проблем во секојдневието, бидејќи „….ЖИВОТОТ Е СУРОВ И НЕ Е ФЕР…“

д-р Зоран Иванов
CrossFit L2 Trainer

Loading...