fbpx

Лето во КФСК!

From the Blog

Лето во КФСК!

Почитувани Кросфитери и сите останати кои вежбате и сакате да имате убаво и здраво тело, доклку не сте луѓе кои ги користат следниве изговори:
– Вежбам само пред да почне летото, „…па нели треба да се соблечам во купаќи…“
– Сакам да вежбам, ама несакам многу да се потам! (?)
– „…па и пешачењето е вежбање…“
– „…вежбам цело време, ама многу слабо резултати се гледаат…“
– „…кој ќе оди на вежбање сега, многу е жешко (или ладно)…“
– „…еј неможам да вежбам имам премногу работа…или заглавувам цело време на работа…“
– „…доста ми е мене, два месеца вежбање и цело лето се одмара…“
Тогаш ние го имаме решението за вас. КросФит Скопје повеќе од 4 година по ред не прави пауза. Убавото и здраво тело се одржува преку целата година! Затоа нашите врати се отворени цело лето. Ние силно веруваме дека здравиот живот, убавото тело, снагата и кондицијата треба постојано да се одржуваат без разлика на годишните времиња, без разлика дали надвор температурата е под нулата или е преку 40 степени.
КросФит е наменет за секого, без разлика дали сте професионален спортист, почетник или пак воопшто не сте се занимавале со спорт до сега. Со деталниот надзор и менторство на нашите сертифицирани тренери, вие ќе ги научите сите движења и техники ќе ви помогнеме да останете мотивирани и да ја остварите посакуваната фитнес цел. На вас единствено станува да бидете истрајни во остарувањето на поставените цели.
Дали сте знаеле дека КросФит е еден од најбрзо растечките спортови во светот?
Дали сте знаеле дека КросФитерите, без разлика дали се работи за мажи или жени се прогласени за најзгодни спортисти?
Затоа мора да пробате КросФит!
Затоа ние како единствен официјален КросФит клуб во Македонија ви нудиме докажани КросФит програми кои ќе го одржуваат вашето тело и вашето здравје. Се што треба да направите е да се пријавите на нашиот бесплатен час, а за сето останато ние ќе се погрижиме. Докажани сме дека со приграмите на CrossFit Skopje – CFSK се добиваат најбрзи и долготрајни резултати.
Затоа КросФит Скопје никогаш не направил пауза во работењето. Ние ви нудиме најмногу оригинални КросФит часови за најефтината цена во градот.
Со нашите часови добивате:
– Секој пат различен тренинг, што помалку веројатно е дека ќе ви се здосади,
– Секој наш тренинг е пред се забава,
– Секој пат добивате 100% мотивација за работа,
– Тренерите се постојано достапни за совети,
– Тренерите постојано ве менторираат и водат низ вежбите и движењата.

Што ви треба повеќе?

За сите дополнителни информации погледнете го нашиот веб сајт www.crossfitskopje.com

КросФит Скопје – ДОКАЖАНО!

Се гледаме на тренинг!

Loading...