fbpx

Марино Башич и Bodyweight seminar L1

From the Blog

Марино Башич и Bodyweight seminar L1

Ние во КросФит Скопје силно веруваме во едукацијата. Исто така, силно веруваме дека, напредок може да имаме само ако поделиме нашето знаење со останатите. Затоа наша цел е да правиме заеднички семинари, работилници на кои ќе го делиме нашето знаење, искуство и ќе обезбедуваме гости експерти во својата област.
Во серијалот на семинари и работилници на КФСК, изминатиот викенд успешно реализиравме Bodyweight seminar L1 на кој гостин беше Марино Башич. Накратко ќе ви го пренесеме искуството од овој семинар кој е прв во КФСК и воедно во Македонија од ваков тип. Семинарот се одржа во два дена. Првиот ден беше за сите учесници. Како и секогаш предноста да бидете член на КФСК е во тоа што секогаш добивате повеќе, па така вториот ден од семинарот беше наменет само за членовите на КФСК.

Семинарот беше комбинација од теоретско предавање за начелата и принципите на тренингот со сопствено тело и практична работа. Марино Башич несебично го подели своето искуство како професор на Кинезиолошкиот Факултет во Загреб и долгогодишен тренер за снага и кондиција на врвни спортисти во Хрватска и пошироко. Кој е Марино Башич ќе најдете на неговиот веб сајт. Го почнавме семинарот со серија на вежби за загревање и зголемување на мобилноста на телото. Вежбите беа насочени кон правилно изведување и прогресија во движењата. Погледнете го видеото за пример:

Потоа продолживме со вежбите за јакост и издржливост. Тука беа презентирани правилните начини како се изведуваат движењата, прогресија кон нив и кои се најчестите грешки кои се прават при изведување на овие вежби.
Погледнете го видеото за пример:

На семонарот беа обработени и движења и вежби кои ги практикуваат најдобрите тренери во светот како СТИВ МАКСВЕЛ. Во видеото е даден пример за Стив Максвел комплекс со стап.

На крај на семинарот обработивме неколку теми околу начинот на програмирање на тренинзи и кои се најчесто грешки. Ова е исклучително важно, бидејќи и најдобрите вежби може да немаат ефект ако програмот не ја постигнува целта.

Се надевам дека го привлековме внимание со нашето искуство со Марино Башич. Доколку сакате да го надградите знењето и да ги пробате вежбите на Марино Башич (мобилност, флексибилност, јакост и составување на тренинзи) пријавете се на еден од нашите часови. Сите детали за начинот на пријавување ги имате на нашиот веб сајт КросФит Скопје.

3, 2, 1 Старт!

Loading...