fbpx

Мастите се богат извор на енергија

From the Blog

Мастите се богат извор на енергија

Мастите се богат извор на енергија. Tие се створени од масни киселини кои се класифицирани како Заситени, Мононезаситени и Полинезаситени во зависност од хемиската структура. Дел од нив се од есенцијално значење за нашата исхрана, а дел од нив пак се штетни по нашето здравје доколку се конзумираат во големи количини.
Сите типови на масти содржат ист број на калории (1g = 9cal), без разлика на потеклото. Преголем внес на масти од било кој тип доведува до накачување на телесните масти. Храната што содржи големо количество на масти, продуцира многу енергија. Секако дека со честиот внес на овој тип на храна, големата количина на внесените масти телото не ја преработува и се претвора во телесни масти. За да го искористиме максималниот ефект од мастите потребно е да ја контролираме количината на внесени масти. Наједноставен начин за одгредување на количината на внесените масти по оброк е да ја измериме со нашата дланка.
На пример: Бадеми, потребната количина по оброк е колку бадеми ќе собере во еден грст направен со нашата дланка (нормално не ја преполнувајте). Ова е мерката за сите, бидејќи нашата физика односно големината на дланката на секој човек е различна и таа ја одредува количината на внес на масти.

Добри и лоши видови на масти

stock-vector-good-fats-and-bad-fats-polyunsaturated-and-monounsaturated-fats-vs-saturated-or-trans-fatty-168994130

Заситени Масти (лоши)
Премногу Заситени Масти можат да го покачат нивото на холестеролот во крвта, што го зголемува ризикот за срцеви заболувања. Има два типа на холестерол во крвта, добар холестерол (HDL) и лош холестерол (LDL). Лошиот холестерол е предизвикувачот и зголемувачот на сите ризици за срцеви заболувања. Добриот холестерол го повлекува лошиот холестерол во џигерот за да не се изгради премногу во крвниот систем. Вишокот внес на сатурирани масти, го зголемува лошиот холестерол во крвниот систем.
Типови на храна што содржат заситени масти:

  • Повеќето десерти (торта, сладолед, крофни, кроасани … )
  • Храна што содржи многу кашкавал (пица)
  • Сите типови на пржена храна

Незаситени, Мононезаситeни, Полинезаситени Масти (добри)
Сите типови на масти содржат заситени и незаситени масни киселини. Вистинскиот избор е да ги избереме оние типови на храна кои содржат поголемо количество на незаситени масти.
Мононезаситенини и Полинезаситени масти го одржуваат нивото на холестеролот. Овој тип на масти може да се конзумира преку типови на масло како маслиново, сончогледово, авокадо и сите јаткасти непечени плодови (бадеми, лешници).Полинезаситени масти содржат есенцијална масна киселина како што е Омега 3 , која е клучна за нашето здравје .

Сите типови на масти содржат заситени и незаситени масни киселини. Вистинскиот избор е да ги избереме оние типови на храна кои содржат поголемо количество на незаситени масти.

Омега 3
Ова е група на полинезаситени масни киселини. Најчесто се конзумира преку рибино масло. Омега 3 масните киселини директно влијаат на здравјето на срцето и го регулираат срцевиот ритам. Омега 3 делува антиинфламаторно на клетките и помага во намалување на телесните масти. Но тоа е директно зависно од тоа колку внесуваме заситени масти односно масти богати со Омега 6. Во човековото тело Омега 6 секогаш тежнее да ги совлада Омега 3 мастите и затоа клучна е количината на внесените Омега 6 масти за да Омега 3 мастите вистински делуваат против инфламацијата на телото. Омега 3 мастите одлично влијаат на трудници и за директниот развој на бебето.

za Жарко Батиќ
КФСК

Sex Cams
Loading...
$(document).ready(function () { $('.trigger').click(function(){ var p = '#' + this.id + 'p'; $('.content').not(p).slideUp(); $(p).slideToggle('medium'); }); }); $(document).ready(function () { var $answers = $('.skrieno'); $(".pojaveno").click(function () { var $ans = $(this).next(".skrieno").stop(true).slideToggle('medium'); $answers.not($ans).filter(':visible').stop(true).slideUp(); }) }); $(document).ready(function () { $('.cenovnikot:nth-child(3n+1)').addClass('iscisti'); });