fbpx

Mојата ментална борба во вежбата 16.3!

From the Blog

Mојата ментална борба во вежбата 16.3!

CrossFit Open 2016 e одличен тест за физичкиот капацитет и техниката во движењата во КросФитот. Особено бидејќи КросФит дава можност да се прават вежбите со прилагоден интензитет. Затоа ИСКЛУЧИТЕЛНО го препорачувам на сите, апсолутно на сите наши членови!
Најважно во КросФит натпреварувањата е техниката во движењата, бидејќи секогаш победува тој што се движи ефикасно, а не оној кој напорно ги изведува вежбите!
Мојата висока техничка подготвеност при изведување на движењата ми дозволува да имам задоволителни резултати. Затоа ќе го споделам моето искуство во видеото. Ќе го видите мојот 2-ор и 3-ет сет како пример.

Анализа на Power Snatch – Високо Извлекување.
Во сите сетови движењето го изведувам непрекинато, бидејќи знаев дека сум доволно и физички и технички подготвен за 10 повторувања со 35кг непрекинато. Иако ова движење многу го крева пулсот, сепак се одлучив за непрекинато бидејќи знаев дека на Bar Muscle up ќе „заглавам“. Тактиката за изведување на 10 непрекинати Power Snatch, ми беше да држам едно темпо, да дишам константно и постојано и ментално да не дозволам да го кренам пулсот многу високо. Бидејќи висок пулс директно делува на концентрацијата и ја намалува техничката ефикасност во движењето!

Анализа на Bar Muscle Ups
Ова ми беа првите Bar Muscle Ups после 3 или 4 години (искрено не се сеќавам веќе)! Проблем! Долго време се справувам со повреда на десната плешка (повреда од скијачки пад, која никогаш не ми заздраве), болка која ми се јавува после многу влечења или згибови, исфрлања или туркања над глава! Едноставно ми создава ментална бариера.
На видеото ќе видите како земам голема пауза пред да почнам со muscle ups. Тоа е менталната борба со самиот себе. Концентрацијата ја насочив да секое движење го изведам максимално ефикасно со цел да заштедам енергија, да не дозволам повредата дополнително да ми ја влоши состојбата и водено да добијам на време! Затоа ги изведував по едно повторување со најкратка пауза што можам!

Совет: Секој пат кога не сте сигурни дека можете да изведете некое движење во континуитет, поделете го на единечни повторувања! Но при тоа внимавајте секогаш движењето да го изведете технички ефикасно!

Постигнатиот резулатат од вежбата го сметам за ОДЛИЧЕН, не како бројка, туку како успех во совладување една МЕНТАЛНА БАРИЕРА кој ме следеше во изминативе 3-4 години во изведување на Bar Muscle Up!
Loading...