fbpx

Начин на Исхрана

From the Blog

Начин на Исхрана

Во следните неколку текстови ќе ги обработиме основите на правилната исхраната која ние во КросФит-от ја препорачуваме. Како што кажав ние ја препорачуваме, но сепак изборот е ваш. Сето она што ќе го прочитате во следните текстови е веќе проверено и тестирано од мене самиот, нашите Кросфитери, ракометарите на Металург и други професионални спортисти кои тренираат кај нас.

Човекот за да функционира нормално, потребни му се основните три макронутритиенти:
1. Протеини,
2. Јаглехидрати и
3. Масти.
Ние во КросФит-от ви го препорачуваме следното:
1. Протеините ги земаме од месото кое треба да биде 30% од тоталниот внес на храната.
2. Јаглехидратите треба да бидат со низок гликемиски фактор и треба да бидат 40% од тоаталниот внес на храната. Тоа е градинарскиот зеленчук.
3. Мастите треба да бидат фабрички непреработени (несолени, непечени) и требда да сочинуваат 30% од тоталниот внес на храната. Тоа се семенките (бадем, лешник, орев…)

Што треба да јадеме?
Едноставно кажано производите кои треба да ги јадеме се следните: Месо, Зеленчук, особено зелениот по боја, Смеки, малку Овошје, без шеќер. Ние во Македонија имаме среќа што нашата традиционална кујна се базира на зеленчук и месо. Од друга страна пак, современиот и лагодниот живот се повеќе не оддалечува од овие производи. Колку повеќе се застапени овие производи во нашата кујна толку повеќе ќе имаме бенефит од здравиот начин на исхрана.

Модерните диети се опасни за генетскиот состав на човековото тело. Еволуцијата на човекот сеуште неможе да се прилагоди кон брзиот развој на фабрички процесираната храна, кој резултира со многу болести на современиот човек. Научно е докажано дека денешниот болести се директно поврзани со фабрички процесираната храна. Затоа ние во КросФит-от го препорачуваме начинот на исхрана на кој се хранел Палеонтолошкиот човек. Што по природно тоа подобро.

Која храна треба да ја одбегнуваме?
Треба да се одбегнува јаглехидрати со висок гликемски фактор, бидејќи тие се изворот на сите здравствени проблеми. Јаглехидрати со висок гликемиски фактор се оние кои рапидно го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Тоа се следните производи: колачи, леб, разни слатки, ориз, компир, газирани пијалоци, тестенини, паста и повеќето од фабрички процесираните производи.

Што е проблемот со јаглехидратите со висок гликемиски фактор?
Проблемот со овие јаглехидрати е што директно влијаат на инсулинот. Инсулинот е есенцијален хормон за животот на човекот. Кога Инсулинот е рапидно зголемен тогаш во телото се случува хормонален дисбаланс.
Хроничното зголемување на инсулинот е директно поврзано со дебелината, зголемено ниво на холестерол, зголемен крвен притисок…Оваа состојба се вика хиперинсулинимија.
Затоа ние во КросФит-от препорачуваме да се јаде балансирана исхрана која нема да прави рапидно зголемување на инсулинот, а во исто време да го храни организмот со енергија за работа/вежбање.

Во следниот текст детално ќе ја опишеме корелацијата помеѓу Јаглехидрати со Висок Гликемиски фактор и Инсулинот.

3,2,1 Старт!

Литература:
1. CrossFit L1 Training Guide, CrossFit HQ, 2013,
2. Glycemic values of common American food, David Mendosa, http://www.mendosa.com/common_foods.htm,
3. Meal Plans, CrossFit Journal 21, 2004

Sex Cams
Loading...
$(document).ready(function () { $('.trigger').click(function(){ var p = '#' + this.id + 'p'; $('.content').not(p).slideUp(); $(p).slideToggle('medium'); }); }); $(document).ready(function () { var $answers = $('.skrieno'); $(".pojaveno").click(function () { var $ans = $(this).next(".skrieno").stop(true).slideToggle('medium'); $answers.not($ans).filter(':visible').stop(true).slideUp(); }) }); $(document).ready(function () { $('.cenovnikot:nth-child(3n+1)').addClass('iscisti'); });