fbpx

Неколку совети за тоа како да јадам и колку да јадам

From the Blog

Неколку совети за тоа како да јадам и колку да јадам

Кога станува збор за начин на исхрана, особено е важно да запамтиме дека вишокот на внесената храна се претвора во телесни масти. Ништо ново, така? Но исто така сакаме да ви потенцираме дека тој вишок на храна придонесува да се направи хормонален дисбаланс во телото. Па наместо телото да ја претвори храната во ефективна работна енергија, ја троши во балансирање на системите во телото!

Со едноставни зборови кажано тоа изгледа вака:
Замислете дека треба да запалите голем оган. Земате тенки дрвца, малку хартија и почнувате да ги палите. Само што се разгореле тенките дрвца и се појавил огинот, Вие му ставате еден трупец, па уште еден и уште неколку подебели дрвца со надеж дека ќе добиете голем оган. Токму ова се случува во нашето тело кога ќе се прејадеме. Едноставно ја гасиме енергијата која ни е потребна за работа. Според дадениот пример, не верувам дека некој пали оган на ваков начин. Докажано е дека огнот нема да се запали, па затоа не треба и ние да се прејадуваме. Јадеме колку што ни е доволно. Во првиот момент кога ќе осетите дека сте сити, престанете да јадете. Доколку продолжите со јадење „ќе го изгасите огнот“.

bad diet

Немојте да брзате додека јадете! Еден познат француски гастроном вели дека за мозокот да добие сигнал од стомакот дека е сит, му треба време. Тој вели вака, направете мал тест. Каснете малку храна и почекајте 10 до 15 минути и ќе видите дека нема да ви се јаде.

Неконтролираното јадење е директно поврзано со нашето здравје, со начинот на живот и перформансите во вежбањето. Затоа треба да се внесува количина на храна која ќе го поддржува здравјето и перформансите во вежбањето, а не складирањето на телесните масти.

Се што јадете треба да биде умерено и контролирано. Неконтролираното јадење е директно поврзано со нашето здравје, со начинот на живот и перформансите во вежбањето. Затоа треба да се внесува количина на храна која ќе го поддржува здравјето и перформансите во вежбањето, а не складирањето на телесните масти. Во CrossFit Skopje одржуваме редовни работилници за исхрана каде ќе можете повеќе да научите за Зонската исхрана како систем за контрола на количината на храна која ја внесувате и зголемување на перформансите при вежбањето.

12-001 Зоран Иванов
CrossFit Level 2 Trainer

Loading...