fbpx

Обврски на Членовите во КФСК

Обврски на Членовите во КФСК

Вие сте нашиот центар на гравитација. Вашето искуство од и во Кросфит Скопје ни значи многу. За да бидат работите многу едноставни, Ве замолуваме да ги следите овие правила и обврски во нашиот клуб:

Обврски на Членовите се:
• Да се биде на време за вашиот тренинг/час.
• Да пријавите на програмот за присутност.
• Доаѓањето на Кросфит часот исклуително го прави со претходна резервација на терминот дадени во Распоредот на нашиот веб сајт.
• Задолжително да се извести тренерот доколку се чуствувате неприродно или имате некоја болка или било каква друга промена што ја чуствувате пред да почнат тренинзите.
• Уредно да се сложи опремата откако ќе завршите со вежбање и однесувајте се совесно и домаќински со се што ви е на располагање во салата.
• Да се внесе резултатот кој го постигнуваш во онлајн програмата за резултати, со цел да го следите вашиот развој.
• Да се биде колегијален/а и да се има пријателски однос кон сите во салата без никакви предрасуди и дискриминација.
• Ширење на духот на КросФит, спортскиот дух и фер плеј натпреварувањата.
• Задолжително присуство на прегледите на Спортска медицина во Здравствената установа и Извештајот се доставува во КФСК.
• Доброволно присуствува на тренинзите и целиот ризик од физичката активност ја прифаќа лично на себе и ги ослободува од секаква административна, финансиска и морална одговорност Здружението за Елитен Фитнес Кросфит Скопје и неговите тренери и асистенти.

Обврски на Кросфит Скопје се:
• Да обезбеди професионално, навремено и непречено одржување на тренинзите.
• Да подготви план за работа за секој тренинг согласно методологијата на КросФит.
• Да се модифицираат и прилагодуваат вежбите според можностите и потребите на корисникот на членството.
• Да ви одговори зошто некоја вежба или задача е релевантна за вас.
• Да ви даде домашна задача, доколку тоа е потребно.
• Да бидеме флексибилни и компатибилни со вашиот распоред на часови.
• Да се одговори на електронската пошта во најкус можен рок и не подолго од 24часа.
• Еднаков третман за сите членови по сите прашања.
• Ќе бидеме максимално дискретни со вашите персонални информации.
• Ќе ги чуваме вашите заборавени работи, најмногу 2 (две) недели и потоа ќе ги донираме.
• Да се оргаанизираат прегледи на Спортска мдицина во Здравствена установа.

Loading...
$(document).ready(function () { $('.trigger').click(function(){ var p = '#' + this.id + 'p'; $('.content').not(p).slideUp(); $(p).slideToggle('medium'); }); }); $(document).ready(function () { var $answers = $('.skrieno'); $(".pojaveno").click(function () { var $ans = $(this).next(".skrieno").stop(true).slideToggle('medium'); $answers.not($ans).filter(':visible').stop(true).slideUp(); }) }); $(document).ready(function () { $('.cenovnikot:nth-child(3n+1)').addClass('iscisti'); });