fbpx

ONLINE MENTORSHIP

ONLINE MENTORSHIP

Онлајн менторство значи индивидуален пристап до тренинзи прилагодени според вашите цели и физички капацитет кои ги добивате преку вашиот емаил.Тренинзите ги изведувате според вашиот распоред на времето и условите со кои располагате. Вежбите се прилагодени да може да се изведуваат со минимална или импровизирана (ранец, шишиња или книги…) опрема. Со вашето зачленување ќе направиме онлијн разговор за подобро ги разбереме вашите фитнес цели и потреби. За оние кои се заинтересирани за исхраната ќе ви дадеме едукација за методите, типовите и начин на внес на храна според фитнес потребите. Целокупното наше 10 годишно искуство е преточено во ова менторство.
Пристапот кон тренингот е клучот на успехот. Затоа ние ќе ве водиме низ тренинзите и заедно ќе работиме да ја постигнеме вашата фитнес цел. Тренинзите се наменети за секого и секој може да ги изведува според вашите услови, ставови и потреби! Ова е одлична можност за сите граѓани кои не живеат во Скопје да вежбаат со КросФит Скопје.

Денес, секој може да ви даде или продаде тренинг, но само со нас ќе изградите вистински пристап (mindset) кон здравјето, исхраната и физичката подготовка.
Со онлајн менторство може да одберете три типа на програми за вежбање.
Fat Loss програма – Наменета за оние што сакаат да ослабат.
Build Muscle програма– Наменета за оние што сакаат да ја зголемат својата мускулна маса.
General Fitness програма – Наменета за оние што фитнес целите не им се поврзани со физичкиот изглед туку вежбаат за да си го подобрат здравјето и олеснат секојдневниот живот.
Како фунционира онлајн менторството?
Комуникацијата со менторот е преку e-mail. Добивате 4 тренинзи неделно кои ги добивате дента кога треба да ги вежбате истите. Вежбата е составена од загревање, пред-вежба и вежба на денот.
Исто така, покрај самата вежба добивате и прецизни иснтрукции за: Зошто ја правите таа вежба и која е Целта на истата.
Постојат два типа на онлајн менторство: Basic и Premium.
Basic менторството се состои од 4 тренинзи неделно Понеделник, Вторник, Среда и Петок. Е-емаил содржи објаснување, инструкции и проверка како поминал тренингот од страна на менторот.
Premium менторството се состои од 4 тренинзи неделно Понеделник, Вторник, Среда и Петок. Е-маилот содржи објаснување, инструкции, проверка како поминал тренингот од страна на менторот, персонализиран план за исхрана креиран за вашите потреби и неделна проверка за прогресот преку онлајн видео разговор со менторот.
Како да почнам со online training?
Чекор 1
Избери програма прилагодена за твоите потреби и креирај профил. Следети ги упатствата и дадете точен емаил на кој сте достапни. Во полето за интерес: I’m interested in…наведете за која програма сте заинтересирани.


Чекор 2
Направете плаќање на следниов линк или од главното мени на веб сајтот.
Плати Чланарина
Чекор 3
Припремете се за тренинг и почнуваме.
3, 2, 1 … START!