fbpx

Патот до успехот е само наш избор!

From the Blog

Патот до успехот е само наш избор!

Сите ние во некој период од животот сме се почуствувале дека многу тешко доаѓаме до поставените цели ( без разлика за која област од животот се работи), бидејќи има многу предизвици кои треба да се совладаат. Тогаш тоа е време да се реорганизираме, да ги ревидираме поставените цели. Најважно е, да до патот на крајната цел си поставиме пократки цели кои постојано ќе ни ја оддржуваат самодовербата.  Сите ние имаме различен пристап кон работите. Но на крај се се сведува на работата која ние треба да ја направиме. Секако постојат и луѓе кои не се фокусирани многу на работата, туку барат други начини да постигнат успех. Доктор Алисон Белгер ги именува како луѓе „кои ги собираат само Чрешите“.

Немојте да бидете „ГОТОВАНИ“. Готован значи дека ги правите работите за кои знаете дека сигурно ќе ги направите добро и со успех. Пример за тоа е, наутро ја гледате вежбата постирана на веб сајт и одлучувате да не дојдете на закажаниот тренинг бидејќи вежбата содржи многу од вашите слабости или едноставно вежбата е МНОГУ ТЕШКА. Готован значи дека ги избегнувате сите настани каде се плашите дека нема да дојдете до израз, ви пречи тоа што другите изгледаат поубаво, позабавни се…или едноставно гледате со презир и си велите дека Вие заслужувате многу подобро друштво!

Мора да најдете баланс помеѓу потребата за чуство како СУПЕР ЅВЕЗДА со Успеси и Успех преку напорна работа. Треба да превземате ризици и да се обидувате. Потребно е да бидете ИСКРЕНИ КОН САМИТЕ СЕБЕ и да не го барате СЕКОГАШ НАЈЛЕСНИОТ ПАТ. ПОЈАВЕТЕ СЕ КОГА Е ВЕЖБАТА ВИ ИЗГЛЕДА МНОГУ ТЕШКА, ПОЈАВЕТЕ СЕ кога знаете дека вежбата ќе ве „претепа на мртво“,  ПОЈАВЕТЕ СЕ кога од Вас се очекува многу работа, ПОЈАВЕТЕ СЕ кога знаете дека нема да се ЧУСТВУВАТЕ КАКО СУПЕР ЅВЕЗДА! Само на овој начин ќе си помогнете самите на себе, кога ќе ви биде најтешко во животот!

Животот е исполнет со многу борба и битки за успеси! Ако не ги водите тие битки, понатаму во животот во остануваат уште повеќе борба и битки!

Loading...