Претплата за исхрана во сала

From the Blog

Претплата за исхрана во сала

Почитувани Членови,

За нас во КФСК Исхраната е основа на се. Тргнуваме од поговорката: “Лекот е во храната, Храната е лекот”.
Затоа сакаме да ви понудиме готови јадења подготвени според Зонската исхрана (3, 4 или 5 блока). Тоа е балансирана исхрана која е составена од 30% Протеин, 30% Масти и 40% Јаглехидрати. Целта е да се контролира хормонот Инсулин кој во телото делува како СКЛАДИШТЕ ЗА ТЕЛЕСНИ МАСТИ. Повеќе детали за овој начин на исхрана ќе добиете на една од нашите работилници за Исхрана.
Овие оборци ќе бидат подготвувани специјално за КросФит Скопје по ваша нарачна од однапред понудено неделно мени. Оброците ќе се носат во сала секој ден.
Целта е да Вие воопшто не се грижите Што да јадете, барем 2 оброка на ден.
На овој начин:
– Побрзо ќе почнете да губите Телесни Масти,
– Ќе одржувате високо ниво на Енергија,
– Ќе се чуствувате Сито, Свежо и Енергично.

Дали би претплатиле за неделно мени од по 2 оброка (Зонски) кои би ги земале дневно во сала, за цена помеѓу 250 и 350 денари?


Loading...