fbpx

Пријавување за КФСК 5ти Зимски Предизвик 2016

From the Blog

Пријавување за КФСК 5ти Зимски Предизвик 2016

Успешно ја продолжуваме традицијата од 5 години на единственото КростФит натпреварување во Македонија. За оваа година натпреварувањето ќе биде во парови. Тимовите да бидат составени од Машко-Машко, Женско-Женско. Со цел успешна организација на ова натпреварување ги замолуваме сите заинтересирани да ги следат упатствата за пријавувањето. Сите оние кои нема да се пријават според упатсвата нема да може да се натпреваруваат, без исклучоци!
Како и секоја година, котизација (400ден од Тим) ќе се плаќа која ќе биде наменета за доброволни цели за децата со Аутизам!
Целта на овој натпревар е да се дружиме, забавуваме, вежбаме и воедно го тестираме нашиот фитнес! Следуваат комплементарни награди за победниците односно првите три места.

Начин на пријавување:
Чекор 1. Составете си Тим и одберете си Име на Тимот!
Чекор 2. Одберете си категорија!
Чекор 3. Името и презимето во пријавата е: Име на вашиот Тим, а Презиме од кој клуб доаѓате! Контакт информациите ги ставате од Капитенот на Тимот, како би можеле да ве контактираме соодветно!
Чекор 4. Плаќањето на котизацијата се врши директно во сала во кутија за доброволен прилог!
Чекор 5. На денот на натпреварот, на приемниот пулт во сала задолжително Капитенот на тимот прави Online Check in како би биле во можност да ги следиме резултатите.

Rx category
Во оваа категорија максимум може да се натпреваруваат 8 Тимови. Препорачуваме да се пријават сите оние кои веќе вежбаат КросФит подолг временски период. За оваа категорија потребно е да ги имате совладано, покрај 9 основни движења и следниве: Muscle Up, Handstand Walk, Clean&Jerk, Snatch, Handstand push ups, Pistols, Chest-to-Bar Pull-ups and Double unders.

Rx category
Категоријата е веќе пополнета!

Scaled category
Категоријата е веќе пополнета!

Sport category
Во оваа категорија максимум може да се натпреваруваат 8 Тимови. Може да се пријават и вежбачи кои воопшто не вежбале КросФит досега. Вежбите ќе бидат прилагодени и со намален интензитет за да може секој да ги изведе. За оваа категорија потребно е да ги имате совладано, покрај 9 основни движења и следниве: Shoulder Press, Push Press, Push Jerk, Air Squats, Front Squat, Knees To Elbows, Sumo D-Lift High Pull, Deadlift, KB Swings, Wall Ball, Box Jumps, Pull-ups, Push Ups, Single Unders и секако Burpees.

Sport category
Категоријата е веќе пополнета!

Следете ги објавите за сите промените и дополнителни информации на нашиот веб сајт и ФБ фан страна. За сите прашања и дополнителни информации пишете ни емаил на info@crossfitskopje.com

3, 2, 1 СТАРТ

Loading...