fbpx

Програми+Ценовник

Програми+Ценовник

Добродојодовте во КросФит Скопје!

Ние сме првиот официјален Кросфит клуб во Македонија. Воедно сме единствен центар за снага и кондиција во Македонија. Во нашиот центар ви нудиме две можности да одберете:

– Лиценциран КросФит програм кој е достапен и прилагоден за сите луѓе без разлика на годините, професијата и потребите.

– Снага и кондиција за професионални спортисти. Доколку сте професионален спортист кликнете ТУКА! – ZPlanner link.

За сите оние кои сакаат да почнат со КРОСФИТ следете ги следниве напатствија:

Чекор 1Чекор 2Типови на ЧленствоПопусти
Бесплатен час – Пробај КросФит (Intro) – (500ден или Бесплатно за сите оние кои ќе се зачленат): Овој час е дизајниран да ви помогне да разберете што ние правиме и зошто го правиме тоа, да ви одговориме на сите прашања за фитнесот и Кросфитот. Ќе добиете инструкции за основните движења и ќе имате можност да видите како ги прилагодуваме вежбите според вашиот капацитет. Воедно ќе вклучиме и Вежба на Денот дизјанирана според вашиот физички капацитет. Резервирајте го вашето место ТУКА (ZPlanner link.) за да го почнете вашето КросФит искуство.
Основи на Кросифт (Fundamentals). Ова се 4 задолжителни часови каде вие ги учите основните движења во Кросфитот. Тоа се:
ЧАС 1 – Серијал Чучњеви
ЧАС 2 – Серијал Туркања
ЧАС 3 – Серијал Подигнувања
ЧАС 4 – Останати Движења
Овие часови се задолжителни за сите оние кои сакаат да продолжат со Кросфит без разлика на вашето претходно спортско искуство. На овие часови вие ќе се запознаете со техниките и вешините кои ви се потребни за две цели: да бидете безбедни додека вежбате и кои ќе ве доведат до посакуваните резултати кога ќе продолжите со групните часови. Цената на Основи на КросФит е 2000 денари. Овие часови се организираат секоја Среда и Сабота. Кликнете ТУКА за да се пријавите, а резервирајте ги вашите часови ТУКА (ZPlanner link.)
Со плаќање на целата сума имате право да вежбате до крајот на месецот во истите термини.

По завршување на Основите на КросФит-от, вие продолжувате да вежбате во часовите за почетници. Овие часови се организирани секоја Среда од 19:00 часот, Сабота од 12:00 часот. Овие часови ќе останат отворени за сите оние кои сакаат да ги усовршат техниките на основните движења. Тука вежбите се прилагодени и ве охрабруваме да се фокисирате на механиката на движењата, формата и бараме континуитет во истите додека вежбате. Интензитетот и големите килажи си доаѓаат сами по себе. Времето кое ќе го поминете во оваа група зависи од вас и тренерот, но генерално е од 4 до 6 недели. Потоа се приклучувате на некои од групните часови. Доколку имате некои прашања испратете ни емаил на info@crossfitskopje.com

Откако ќе завршите со Основите на КросФит и почетничкиот период, може да одберете од следниве типови на чланство.

2 часа/ Неделно (1000денари/месчно):За сите оние кои мислат дека можат да доаѓаат 2 пати неделно, тогаш ова е за вас. Со овој тип на членство вие добивате најмногу 2 часа во неделата да вежбате со нас исклучително со претходна резервација. Исто така, не сте обврзани со никаков договор за членство. Кликнете ТУКА (ZPlanner link.) за да се пријавите.

КросФит групни часови (2000денари/месечно): Доколку мислите дека може да доаѓате повеќе од 3 пати неделно тогаш оваа опција е за вас. Со оваа опција вие потпишувате договор за членство. Членството можете да го раскинете откако ќе поминат 3 месеци. Со Овој тип на членство имате опција да заштедите при однапред плаќање на чланарината и тоа:
12 месеци – 20%
6 месеци – 15%
3 месеци – 10%
Доколку сакате да ви се стопира чланарината за одреден периот без да го изгубите местото, тогаш плаќате 150 денари неделно. Оваа опција е возможна само со претходна најава.

Приватни часови (Personal Training) (15000денари/месечно за 12 часови или 1250ден/час): Без разлика да се работи за градење на доверба за почеток со групните часови или сакате посебно внимание со специјализирана програма, ние можеме да ја дизајнираме програмата според вашите потреби и да се прилагодиме според вашиот распоред. Пријавете се ТУКА (ZPlanner link.)

Посетители (Visitors NO-workout): Секој оној кој е заинтересиран за КросФит може да дојде во било кое време во работните часови да не посети, да се запознаеме и да види како изгледаат нашите часови. We love visitors! Visit us any time when your in the city. Any questions? Just send us an email at info@cbxfit.com.

Посетители за вежбање (Drop In) (500денари/час): Сите оние кои веќе се запознаени со КросФит методологијата може да ни се придружат во било кое време со претходна резервација ТУКА (ZPlanner link.) и со претходно онлилајн плаќање ТУКА (Банка). In order to Drop in you can select a class on our calendar and pay a one-time drop in fee online HERE (bank).

Попусти:
1. Сопружник – 50%
2. Војска и Полиција – 10%
3. Студенти – 20%
4. За семејството на Членовите на КФСК – 10%
Loading...