fbpx

Промени ги НАВИКИТЕ, Промени го ЖИВОТОТ!

From the Blog

Промени ги НАВИКИТЕ, Промени го ЖИВОТОТ!

Веќе ја започнавме Новата година! Бидејќи е „нова“, сакаме да ја започнеме со нов начин со кој навистина ќе го подобри нашиот начин на живот. Тука не зборуваме за диети, за губење на килажа за специјализирани тренинзи или слично. Тука зборуваме за да ја почнеме година со здрави и добри навики кои ќе ни го подобрат животниот стил во 2015 година.
КросФит Скопје организира Предизвикот: „ПРОМЕНИ ГИ НАВИКИТЕ, ПРОМЕНИ ГО ЖИВОТОТ“

Овој 5 неделен предизвик е баш тоа, предизвик да ги најдеме навиките кои треба да ги промениме, створиме и да го направиме тоа. За илустрација: Губењето на килажа не е навика. Но, купувањето на природни намирници, подготовка и готвење на здрава храна е навика која ќе ни помогне да ја намалиме килажата. Можеби имате други навики кои сакате да ги подобрите, наместо будење со „утринско кафе“, да биде доручек, па утринско кафе, наместо купување на лиснато тесто за доручек, пакување на храна од дома или пак зборување без користење на пцовки и кога сме најизнервирани. Сите овие се добри навики, но нема да се истераат до крај ако немаме контрола. Секој ќе има партнер на кој ќе му бидеме одговорни да му кажуваме што сме направиле во текот на една недела.

Ова е се што ни треба да ја почнеме Новата година на подобро, да промениме неколку лоши навики и човек на кого ќе му кажуваме што сме направиле. Кога ќе си најдете човек, тогаш пријавете се на било кој од часовите со запишување на списокот. Ако немате човек тогаш ние ќе ви помогнеме.
За офцијално да почнеме ќе имаме два кратки состаноци за време на Open GYM во Сабота 17.01 и Среда 21.01 каде ќе кажеме повеќе детали за тоа како да си ја одредите вашата цел, што се навики, совети за исхрана.
Недвоумете се, почнете ја Новата година со добри навики за подобар живот!

Loading...