fbpx

Работилница за Мобилност на Човековото Тело

From the Blog

Работилница за Мобилност на Човековото Тело

КросФит Скопје започнува со нов проект „ВЕЖБАЈ ПРАВИЛНО, НЕ ВЕЖБАЈ НАПОРНО“.

Ние силно веруваме во правилните и ефикасните движења додека вежбаме. Исто така силно веруваме дека само со изведување на правилни движења при вежбањето се постигнуваат бараните резултати. Напорното и неконтролирано вежбање е само катализатор за поврди. Затоа ние ви нудиме можност да го научите и/или усовршите начинот на изведување на движењата од различни вежби, потоа бараме константно да ги почитувате правилните движења, па на крајот го додавеме интензитетот (степенот на напорно вежбање).

Ова се дел од областите чии движења ќе бидат разработувани и увежбувани: Функционлани Движења, Олимписко Кревање на Тегови, Гимнастика, Кетлбел (Руско Ѕвоно), Мобилност на човековото тело, Strongman, Power lifting и многу други.

Предавачи ќе бидат професионалните тренери на КФСК како и многу други експерти во соодветните области.

За таа цел на ден 25 Октомври со почеток во 12:30 часот ја организираме Првата Работилница од Мобилност на човековото тело.

За нас Мобилност на човековото тело е база која мора да се гради и секојдневно одржува. Намалениот дијапазон на движења на зглобовите на телото во комбинација со напорно вежбање се најчеста причина за поврдите.

На оваа работилница ќе имате можност, да се запознаете со вашиот дијапазон на движења на зглобовите на телото, ќе научите зошто сте ограничени во некои од движењата додека вежбате и во секојдневниот живот, зошто ви се појавуваат болки на одредени зглобови и места на телото при минимален напор и уште многу други ефикасни совети кои ќе ви помогнат во секојдневниот живот и вежбањето. Резултатите доаѓаат со правилно и ефикасно изведување на движењата, а не со напорно вежбање.

Работилницата ќе трае 1,5 час. Структурата е:
– 20 мин – Теоретско излагање: Што е Мобилност, Што е Флексибилност, Што е Ефикасно Движење, Минимизирање и Спречување на повреди.
– 10 мин – Пауза
– 60 мин – Практчна работа,
Капацитет: Максимум 20 учесници.
Секој може да присуствува на оваа работилница. Затоа ги охрабруваме сите оние кои се занимаваат со било каков фитнес да дојдат и да ја усовршат техниката во движењата.
Цена:
За сите членови на КФСК е БЕСПЛАТНО.
За сите останати 350ден.
Пријавувањето е преку дадениот Распоред од главното мени.

Sex Cams
Loading...
$(document).ready(function () { $('.trigger').click(function(){ var p = '#' + this.id + 'p'; $('.content').not(p).slideUp(); $(p).slideToggle('medium'); }); }); $(document).ready(function () { var $answers = $('.skrieno'); $(".pojaveno").click(function () { var $ans = $(this).next(".skrieno").stop(true).slideToggle('medium'); $answers.not($ans).filter(':visible').stop(true).slideUp(); }) }); $(document).ready(function () { $('.cenovnikot:nth-child(3n+1)').addClass('iscisti'); });