Crossfit

Crossfit

КросФит групните часови се основата на нашиот клуб. Цената е 2300ден. Ги организираме во Понеделник, Вторник, Среда, Четврток, Петок и Сабота. Овие часови може да ги посетувате само доколку сте го завршиле Интро Курсот. Задолжителна е претходна резервација на часовите од КАЛЕНДАРОТ!.

КросФит е основен програм за снага и кондиција. Нашиот сеопфатен пристап кон фитнесот ви овозможува да го зголемите физичкиот капацитет низ годините и различните модалитети. Нашите вежби вклучуваат движења од Олимписко кревање на тегови, Гимнастика, Powerlifting, Калистенички вежби, Трчање (спринтови, кратки и долги патеки) комбинирани во различни временски интервали, повторувања и интензитет.
Еден КросФит час вклучува:
– Организирано загревање (генерално и специфично),
– Дел за снага или вештина,
– Кондиционен дел
– Органзирано истегнување и регенерација на телото и мобилност.
Секоја вежба е дизајнирана да безбедно гo предизвика вашиот физички капацитет, каде ќе ви овозможи да ја развивате вашата снага, сила и издржливост. Исто така, секоја од вежбите се прилагодува според вашиот физички капацитет.
Сите часови ги изведуваат сертифицирани инструктори кои постојано ќе ве водат низ вежбите и специфичните движења со цел да го постигнете вашиот најдобар резултат. На овие часови ќе се посветува големо внимание на техниката и константноста на правилното движење додека вежбате и секако дека ќе бидат со поголем интензитет.

Се почнува со Интро Курс. Тоа се задолжителни часови каде вие ги учите основните и специфичните движења и принципи на КросФит, а кои ќе ви помогат не само во вежбањето туку и во секојдневниот живот! Доколку имате претходно фитнес и спортско искуство само ќе ви помогне побрзо да се вклопите во КросФит тренинзите.
Интро Курс (Fundamentals). На овие часови ние ги учиме и увежбуваме основните движења во КросФит-от.
– Серијал Чучњеви (Air Squat, Front Squat, Overhead Squat)
– Серијал Туркања (Shoulder Press, Push Press, Push Jerk)
– Серијал Подигнувања (Dead Lift, Sumo Dead Lift High Pull and Medicine Ball Clean)
– Останати Специфични Движења (Wall Ball, Thrusters, Pull Ups, Kettlbell Swings, Toes to Bar, Cleans, Snatch, Muscle Up)
– Основи на Исхраната
– Што е КросФит?
– Што е Фитнес?
Цената на КросФит почетници е 2700 денари (еднократно). Доколку после овој курс се зачлените тогаш добивате 40% попуст на чланарината за КросФит часовите. Интро часовите се организираат секој Понеделник, Среда и Петок според дадениот распоред. Присуството е секогаш со претходна резервација од дадениот Распоредот. Додека ви трае интро курс вие имате право да вежбате во ФЕТБРН часовите. Откако ќе го завршите овој курс тогаш се стекнувате со право на КросФит групните часови.

Предности на КросФит чланарина:
– Неограничено присуство на сите КросФит часови во различни временски интервали (вие сами си го одредувате времето за вежбање),
– Бесплатно присуство на сите КФСК работилници исхрана и фитнес едукација, каде не гостуваат предавачи од странство,
– Бесплатни совети за исхрана и мерења на телото,
– Слободен пристап на Open Gym часовите,
– 24/7 достапни тренери за совети и едукација,
– Компетитивна, Мотивирачка и Забавна атмносфера,
– Можност за меѓународно натпреварување.

Не двоумете се ПРИЈАВИ СЕ!

Loading...