fbpx

Online Mentorship

Online Mentorship

Онлајн менторство значи индивидуален пристап до константни тренинзи прилагодени според вашите цели и физички капацитет кои ги добивате преку вашиот емаил. Ова е уште еден ефикасен начин да се одржува физичката форма, а со тоа и имунитетот на телото. Тренинзите ги изведувате според вашиот распоред на времето и условите со кои располагате. Тренинзите се прилагодени да може да се изведуваат со минимална опрема или било што може да послужи како опрема. Со вашето зачленување се направиме разговор со некој од нашите тренери за вашите фитнес цели и потреби. За оние кои се заинтересира за исхраната ќе ви дадеме едукација за методите, типовите и начин на внес на храна според фитнес потребите. Целокупното наше 10 годишно искуство е преточено во ова менторство.
Пристапот кон тренингот е клучот на успехот. Затоа ние ќе ве водиме низ тренинзите и заедно ќе работиме да ја постигнеме вашата фитнес цел. Тренинзите во Онлајн Менторство е наменето за секого и секој може да ги изведува вежбите според вашите услови, ставови и потреби! Ова е одлична можност за сите граѓани кои не живеат во Скопје да вежбаат со КросФит Скопје.
Денес, секој може да ви даде или продаде тренинг, но само со нас ќе изградите вистински пристап (мајндсет – mindset) кон здравјето, исхраната и физичката подготовка.

Со онлајн менторство може да одберете три типа на програми за вежбање.
• Fat Loss програма – Наменета за оние што сакаат да ослабат и да ги согорат телесните масти. Оваа програма е составена од вежби кои се изведуваат со сопствена килажа, лесни рачни тегови или алтернативни потешки предемти кои сите ги имаат во домот (ранец, шишиња, книги…)
• Build Muscle програма- Наменета за оние што сакаат да ја зголемат својата мускулна маса и паралелно да ги согорат вишокот телесни масти. Составена е од вежби со рачни тегови кои се изведуваат со голем број на повторувања или во темпо стил.
• General Fitness програма- Наменета за оние што фитнес целите не им се поврзани со физичкиот изглед туку вежбаат за да си го подобрат здравјето и олеснат секојдневниот живот. Оваа програма е составена од функционални вежби кои се изведуваат со лесни рачни тегови или алтернативни потешки предемти кои сите ги имаат во домот (ранец, шишиња, книги…) и сопствена килажа.

Како фунционира онлајн менторството?

Комуникацијата со менторот е преку e-mail. Добивате 4 тренинзи неделно кои ги добивате дента кога треба да ги вежбате истите. Вежбата е составена од загревање, пред-вежба и вежба на денот.
Исто така, покрај самата вежба добивате и прецизни иснтрукции за: Зошто ја правите таа вежба и која е Целта на истата.

Постојат два типа на онлајн менторство: Basic и Premium.

Basic менторството се состои од 4 тренинзи неделно, објаснување, инструкции и проверка како поминал тренингот од страна на менторот.

Premium менторството се состои од 4 тренинзи неделно, објаснување, инструкции, проверка како поминал тренингот од страна на менторот, персонализиран план за исхрана креиран за вашите потреби и неделна проверка за прогресот преку онлајн видео разговор со менторот.
Како да почнам со online training?

Чекор 1
Кликни на “online training”, креирај профил преку кој ќе го следиме твојот напредок.

Чекор 2
Избери програма прилагодена за твоите потреби.
1.Fat loss
2.Muscle Build
3.General Fitness

Чекор 3
Припремете се за тренинг и почнуваме. 3, 2, 1 … START!

Loading...