B-FIT

B-FIT

ДОКАЖАН ПРОГРАМ ЗА СЛАБЕЕЊЕ И ЗАЈАКНУВАЊЕ – Б-ФИТ!

Б-Фит е докажана програма на КФСК за слабеење и зајакнување. Цената на Б-ФИТ е 1990ден месечно. Кога го правевме овој програм ги искористивме бенефитите од КросФит-от и нашето долгогодишно искуство и ги ставивме во насока на градење на Базичниот фитнес за секојдневниот живот. Нашиот програм е веќе докажан како најбрз начин за намалување на телесните масти! Дизајниран е да биде за сечии капацитет, прилагодена за секого! Б-Фит програмата е фокусирана на подготовка на телото за физичка активност – ја гради мобилноста, зголемување на мускулна и кардио издржливоста, увежбување на балансот, координацијата, агилноста и прецизноста. Сето тоа е вклопено во еден тренинг! Ги вклучивме движењата со сопствено тело, кетлбелови, кутии, слободни тегови, еластични гуми, ролери, топчиња, медицинки…

Бидејќи КросФит методологијата е докажана како најдобра за психо-физичка подготовка на телото, затоа и Б-Фит програмата се базира на истата! Во овој програм не се вклучени Олимписко кревање на тегови и комплексните Гимнастички движења.
Секој час се состои од: соодветно загревање, увежбување на основните моторички движења на човековото тело и на крајот Вежба на Денот која е фокусирана на мускулната и кардио издржливоста. Ова е најефикасниот начин за топење на телесни масти и подобрување на Базичниот физички капацитет. Тренингот е со долготрајно дејство така да во наредните 10 часови телото сеуште е функција на трошење на телесни масти. Вежбата на Денот (самиот тренинг) важи само 1 ден, нов ден нов тренинг! Па оттука веруваме дека овој тип на тренинзи нема да ви здосадат пред да ја постигнете посакуваната цел!
Исто како и нормалните КросФит часови овие тренинзи ќе бидат изведувани од високо едуцирани, сертифицирани и обучени тренери.
Доколку се одлучите за оваа програма бидете подготвени за:
– многу потење,
– брзо топење на телесни масти,
– едукација за начин на исхрана,
– многу забава,
– нови пријателства,
– меѓусебна мотивација и
– нормално Компетитивна атмносфера!
Moжете веднаш да почнете да вежбате без претходно да го посетувате Основниот Курс за КросФит!
Доколку сакате да се префрлите во друга програма на групни часови тогаш ќе важат условите за таа програма. Што се однесува до едукацијата која ја нудиме односно работилниците на КФСК за Исхрана и дополнителните тренинзи исто така ви се достапни по привилигирана цена од 390ден. Б-Фит часовите се организираат само од 20:00 часот и секако дека претходна онлајн најава за часот е потребна. Не двоумете се и
ПРИЈАВИ СЕ
Loading...