Снага и Кондиција

Снага и Кондиција

Специјални програми за снага и кондиција за професионални спортисти (Ракометари, Кошаркари, Тенисери, Фудбалери, ММА борци)

Овој програм е наменет за сите професионални спортисти кои сакаат да ја подигнат својата Генерална Физичка подготовка на повисокот ниво, како би можеле да бидете подобри во вашиот спорт.
Најголемата предност на нашиот тренинг е тоа што симетрично да ги развива мускулите со што се намалува можноста за повреди, а се зголемува ефикасното движење.

Исклучително сме фокусирани кон зголемување и одржување на вашата флексибилност и мобилност на мускулите и зглобовите на вашето тело кое е основен предуслов за максимални успеси. Пристапот кон секој спортист е индивидуален. Процесот се состои од неколку чекори. Тестирање на кондицијата, снагата, силата и брзината, флексибилноста, мобилноста. Потоа заедно ги идентификуваме обласитите во кои сакате да се подобрите. Во исто време ги одржуваме оние области во кои вие сте добри. Потоа пристапуваме кон тренинзите. Нашите тренинзи ги вклучуваат сите 10 физички карактеристи: К/В издржливост, Општа телесна издржливост, Флексибилност, Снага, Сила, Брзина, Координација, Баланс, Прецизност, Агилност.

Тренинзите се кратки, фокусирани и експлозивни. Откако ќе станете наш член ние континуирано се згрижиме за вас преку обезбедување на тренинзи ВО и ВОН сезона. Како составен дел на тренизите е континуирана едукација за балансирана исхрана според вашите потреби која ја реализираме во соработка со експерти во областа на нутриционизмот и суплементите.
Тренинзите се организираат во договор според вашиот распоред.

ПРИЈАВИ СЕ
Loading...