Што е КросФит?

Што е КросФит?

Кога размислуваме како да ви објасниме што е Кросфит, ние сакаме да почнеме со тоа дека Кросфит НЕ Е:
…за луѓе кои очекуваат резултати без напорна работа,
…за луѓе кои не сакаат да пробуваат нови работи,
…за луѓе кои не сакаат да го остават своето его дома
Тренерот Грег Гласмен, поранешен гимнастичар, го оформил CrossFit®, Inc. во 2000 годинс. Во годините поминати во тренирање на елитни спортисти има дојдено до заклучок дека оптимални резултати се постигнуваат не преку специјализирани тренинзи, туку преку: „Константна Варијација на Функционални Движења извршени со Висок Интензитет“ што воедно и преставува дефиницијата на Кросфитот. На кратко ова преставува комбинација на Олимписко кревање на тегови, гимнаситка, трчање, веслање и основни кардио-васкуларни вежби се подобруваат севкупната флексибилност, сила, брзина, издржливост и агилност.

„Константна Варијација“ значи дека секој ден имате различна вежба (ВЕЖБА НА ДЕНОТ), вклучувајќи ги сите комбинации на овие елементи. Во Кросфит Скопје, вие (да, вие) ќе скокате јаже, мафатате кетлбел и ќе превртувате гума, ќе правите склекови, склекови од стој на раце, ќе се кревате на карики. Ќе увежбувате чучњеви, спуштања, Извлекувања, Исфрлања, Подигнувања на тегови и мртво подигнување, а во исто време ќе трчате, скокате на кутија и јаже. Секој ден носи нов предизвик на нова вежба дизајнирани да вклучуваат разни мусклуни групи, кардио-васкуларна издржливост и снага.
„Функционални Движења“ се основни човекови движења кои се природни, безбедни, ја пренесуваат енергијата од јадрото на телото до ектремитетите и имаат способност да пренесуваат голем товар на големи дистанци. Има многу недоразбирања и погрешна перцепција за Кросифт. Вистината е во тоа дека сето она што го правиме на тренинзите го репрезентира нашиот секојдневен живот, а воедно ни помага да одговориме на психо-физичките предизвици на секојдневието. Во превод тоа значи: Подигнување на медицинка од земја, може ви звучи чудно, но движењето ви е веќе познато кога треба вашиот куфер да го ставите на полица над глава во авион или воз. Олимписко кревање на тегови може ви звучи премногу силно (што ќе ми е ова, јас нема да одам на Олимпијада), но движењето веќе ви е познато кога треба да подигнете кревет при селидба, или пак вреќа со компири или цемент. Кросфит Скопје ќе ви помогне да ја одржувате правилната позиција додека вежбате со цел да бидете безбедни и да постигнете максимални резултати.
„Висок Интензитет“ ние во Кросфитот го мериме во продуцирана работа во единица време. Гласно викање додека вежбате не е интензитет. Никогаш нема да слушнете од некој кросфитер како вели „имав одличен тренинг од 4 саати.“ Најчесто ќе слушате: „Јас ја завршив вежбата за 8 минути.“ Многумина не веруваат во овој концепт, ама резулатите не лажат.
Убавината на овој спорт дека сите работиме исто и се поддржуваме и мотивираме едни со други. Ова е спорт во кој последниот што ќе ја заврши вежбата добива поголеми честитки од оној што е прв.
Ве охрабруваме, доколку сакате повеќе да научите за Кросфит да го истражите главниот веб сајт www.crossfit.com.
Вие може да читате и слушате разни муабети, но најдобат начин е да пробате Кросфит.

Loading...