Утрински часови: Решение за оние кои немаат време за вежбање

From the Blog

Утрински часови: Решение за оние кои немаат време за вежбање

Се двоумите кога е најдобро да вежбате? Имате многу обврски и неможете да го следите трендот во Македонија на попладневни часови? Скрешете ги стереотипите бидејќи не се што е во тренд и модерно му одговара на телото и здравјето.

Нема правило, ниту пак точни показатели кога е најдобро да се вежба. Според нашето скромно 10 годишни искуство во фитнесот сакаме да ги поделиме овие причини кои ќе ви помогнат да се одлучите да вежбате наутро:
1. Остатокот на денот може да го посветите на сите останати приоритети,
2. Го убрзувате метаболизмот и го продолжувате модот на топење телесни масти,
3. Станувате многу повеќе фокусирани за активностите на работа или дома,
4. Стекнувате дисциплина на градење на навиките кои се од суштинско значење за здравјето,
5. Утринската енергија и свежина ја фокусирате на тренинг кој е директно поврзан со вашето здравје, а во исто време се полните со позитивна енергија и го подобрувате расположението,
6. Стекнувате одбранбен систем во телото за справување со сите психофизички предизвици на денешнава џунгла во која живееме.

Едноставно пробајте! А ние ќе ви помогнеме да ја постигнете вашата посакувана цел.

Погледенете го нашиот распоред и резервирајте го часот кој највеќе ви одговара.

Пријави се
Loading...