fbpx

ВЕЖБАЈ ПРАВИЛНО, НЕ ВЕЖБАЈ НАПОРНО

From the Blog

ВЕЖБАЈ ПРАВИЛНО, НЕ ВЕЖБАЈ НАПОРНО

_OGI1801-001

Ние секојдневно сме изложени на физички и ментални предизвици, кога повеќе, кога помалце. Затоа телото мора постојано да биде подготвено да одговори на овие секојдневни предизвици. И долготрајното седење е физички предизвик за телото, на кој ние мора да одговориме. На секој тренинг, постојано повторуваме дека потребно е да се вежба правилно, а не напорно. Ова е од суштинско значење за развојот на телото и психофизичката состојба. Сето она што го правиме на тренинг ни се рефлектира во секојдневието.

Доколку на тренинг ги изведувате движењата неправилно, ги кратите, избегнувате вежби кои бараат од вас да научите техника на движење и сето тоа си го поткрепите со изговори истото тоа ќе го правите во вашето секојдневие. Пример: Доколку треба нешто тешко да подигнете од земја, вие сакале или не сакале тоа ќе го направите на потполно ист начин на кој го изведувате Deadlift – Мртво Подигнување за време на тренингот.

Во ситуација кога неправилно ги изведувате движењата на телото му се нарушува основната био-механика и тежнее да се изблансира со цел да остане безбедно, при што вклучува мускулни групи кои компензираат на сметка на мускулните групи кои треба да ја завршат работа. Затоа после ваков напор ние чуствуваме многу голем замор. Исто така, на овој начин се случуваат несаканите повреди на телото.
Во ситуација кога правилно ги изведувате движењата телото го дава својот максимум и симетрично се развиваат мускулите при што телото е безбедно за целото време додека вежбате, а резултатите доаѓаат многу побрзо. Правилното изведување на вежбите бара многу искреност и трпение. При тоа резултатите се реални и долго трајни.

Фокусирајте се на тоа КАКО вежбате, а не КОЛКУ вежбате. При изборотот на местото за вежбање внимавајте МНОГУ. Проверете кои се тренерите, дали го поседуваат сето образование и лиценци кои се потребни. Слободно прашувајте, бидејќи сепак несакате неправилно да вежбате или пак да ја нарушите вашата безбедност додека вежбате.
ВЕЖБАЈ ПРАВИЛНО, НЕ ВЕЖБАЈ НАПОРНО!

Loading...