fbpx

Задолжителна Домашна работа!

From the Blog

Задолжителна Домашна работа!

Стагнирате во напредокот во чучањ, имате болки во лумбарниот/долниот дел од грбот? Има решение и за ова.
Сите ние кои активно се занимаваме со некој спорт сме максимално фокусирани само на тренингот и постигнување на резултатите. Најголемата грешка за нас е тоа што го имаме запоставено одржувањето на телото однсно тренингот и вежбите за мобилност и рекуперација. Особено страдаат оние кои не се занимаваат со спорт, а имаат работа со долго седење директно ги чуствуваат последиците од намалената мобилност на телото при движиње.

Иако во КФСК правиме дел од овие вежби како составен дел од секојдневниот тренинг, сметам дека потребно е да се посвети поголемо внимание односно да се направи некоја од овие вежби и кога сме дома, кога одмараме, гледаме филм…
За таа цел погледнете го видеото на Гуруто за мобилност и флексибилност др.Кели Старет кој во детали ги објаснува вежбите за зголемување на мобилноста и флексибилноста во колковите кој е во директна корелација со зголемувањето на капацитетот за чучањ и болките во лумбарниот дел на грбот.
Овие вежби за колкот се одлични за оние кои трчаат, крофитерите особено, а посебно оние кои работата им налага долготрајно седење!
Искористете го овој слободен ден од тренинг да ги направите вежбите од видеото и видете ја разликата на следниот тренинг!

Loading...