Услови и правила за продажба
Цените на сите услуги од www.crossfitskopje.com се во денари и вклучен ДДВ.
Плаќањето може да се оствари со следните платежни картички од сите банки: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката) а наплатата се извршува преку нашиот партнер Халкбанк.
Зачленувањето во КросФит Скопје се врши преку одбирање на услуга, при што клиентот потпишува договор во зависност од типот на услугата која ја има одбрано. Овој договор ги содржи сите детали за правилата, обврските и бенефитите на клиентот.
Деталните услови за плаќање на секоја услуга посебно се дадени на нашиот веб сајт www.crossfitskopje.com
Правила на испорака
Само со платена чланарина клиентот/членот може да ги посетува тренинзите кој ги организира КросФит Скопје.
Обврска на членот е да ја плаќа месечната чланарина на жиро сметка на Кросфит Скопје која се води во Халкбанк. Членот е должен да изврши уплата на месечната чланарина најдоцна до 15-ти во месецот за тековниот месец.
Доколку членот не изврши или не врши редовна уплата на месечната чланарина, Кросфит Скопје го задржува правото еднострано да го раскине договор за членство со испраќање на писмено известување до членот (писмо или емаил). Во тој случај членот е должен да изврши уплата и за сите неплатени месечни чланарини (достасани и идни) се до истекот на времетраењето на договорот. Членот со потпишувањето на договорот изречно ја прифаќа обрската да ги подмири сите месечни (достасани и идни) месечни чланарини се до истекот на времетрањето на договорот.
Политика на приватност
Политиката на приватност на www.crossfiteskopje.com појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите членови. Оваа политика на приватност се однесува само за www.crossfiteskopje.com и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.
Секој член при регистрација и зачленување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.
Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Информациите кои нам ни се потребни се: Име и презиме, e-mail адреса, Адреса на живеење, Број на лична карта и телефон за контакт.
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.
www.crossfiteskopje.com не собира никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Халкбанк.
Трансакцијата при наплаќање на услугата е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички Халкбанк. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и www.crossfiteskopje.com нема намерно да собира или користи податоци од малолетни лица.
www.crossfiteskopje.com ги превзема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.
Оваа политика на приватност стапува на сила од Август 2011 година. Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб странатa www.crossfiteskopje.com најмалку 30 дена пред да стапат во сила.