Чланарината во Кросфит Скопје се плаќа месечно.Секој тип на членство се разликува во цената во зависност од услугите. Изборот вие го правите во зависност од вашите потреби. Деталните информации за типовите на членство ги имате на нашиот веб сајт.
Обврска на членот е да ја плаќа месечната чланарина на жиро сметка на Кросфит Скопје која се води во Халкбанк. Членот е должен да изврши уплата на месечната чланарината најдоцна до 15-ти во месецот за тековниот месец.
Доколку членот не изврши уплата за тековниот месец, тогаш КроФит Скопје го задржува правото еднострано да го прекине членството со писмено известување преку емаил. Членот изречно ја прифаќа обрската да ја плаќа месечната чланарина со минимум еден тренинг одработен во месецот.