Јана
Кросфитот ми се чини дека е најтешка, но најдбра дисциплина. Го закажав првиот приватен тренинг со Ненад кој се докажа како најдобар тренер и педагог со кој сум имала прилика да вежбам. Малку теорија и вежби, лесно и забавно, но јас се осеќав како инвалид и најпоразително ми беше што успеав да направам само ПОЛА склек. После две недели стигнав до склек и пол и се откажав. Јас се откажав, ама НЕ се откажа тренерската екипа предводена од Зоран. После 4 месеци напорна работа 14 кг помалку, формирани мускули, исправено држење, самодоверба, кондиција како спортист и чувство дека можам да го освојам светот. Прекрасно е чувството дека победувате на секоја утакмица нели? Е тоа е Кросфит. Благодарам ЕКИПО!