ШТО Е КИКСТАРТ ПАКЕТ?
Кикстарт е наменски креиран тренинг кој ќе ја зголеми флаксибилноста и мобилноста на телото, ќе ги зајакне мускулите со цел да одржува нивна функционалност и енергичност во текот на целиот ден. Вклучени се вежби со сопствена тежина кои имаат за цел, да го оспособат телото да се движи непречено во просторот. Вежби со реквизити и лесни тежини со цел да го оспособат телото успешно да се справи кога е потребно да носиме или креваме нешто тешко.
ДАЛИ Е ЗА МЕНЕ?
Овој пакет е наменет за лица над 35 години, кои имаат проблем со намалена енергија, болки во долниот дел од грбот, кичма (лумбарен) и се мачат да го завршат денот успешно.
Особено ги охрабруваме сите оние кои никогаш не се занимавале со физичка активност да се пријават.
КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ ПАКЕТОТ?
Времетраење е 90 дена. Еве зошто:
За да го подобрите здравјето потребно е да ги промените навиките. Навика се создава за 18 дена, за 44 дена се зацврстува, а после 90 дена станува дел од вас и вашиот начин на живот.
ШТО Е ВКЛУЧЕНО ВО ПАКЕТОТ?
Пакетот вклучува:
- План за исхрана и тренинзи дизајнирани според вашите потреби и капацитет.
- Едукација за како да размислувате за навиките, вежбањето и како да спиете.
- Низ целиот процес ќе ве води тренер кој ќе ви биде на располагање за било какви прашања.
- За да ги зголемиме шансите за успех, ќе добиете организационен лист преку кој ќе го следиме вашиот прогрес.
- Тренинзите се 1 – 1 или индивидуални. Во зависност од вашите желби и капацитет може да посетувате групни часови.
ЦЕНА: 12000 денари.
БРОЈ НА ЛИЦА: 5
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 10 Ноември 2022 со назнака: Пријава за Кикстарт
Пријави се на: 078 804 353 или