fbpx

За нас

За нас

Зошто го правиме сето ова?

Ние сме посветени да им помогнеме на сите луѓе, од сите возрасти, профили и физички капацитет, да го постигнат саканото ниво на физичка подготвеност како и трансформација на својот животен стил, преку употреба на КросФит методологијата, со цел да живеат посреќен и поздрав живот.
Верувајте, оваа мисија на нашиот клуб ја градевме многу долго. Ја извлековме од нашата досегашна работа, резултати и фидбекот од нашите клиенти.
Ова не се само празни зборови, со цел да ја пополниме оваа веб страна!

Во текот на нашата работа ние постојано се прашувавме:
Зошто го работиме ова? Одговорот беше секогаш ист: сакаме да има помогнеме на сите луѓе кои сакаат да имаат посреќен и поздрав живот.

Сакаме Елитниот Фитнес – КросФит да биде дел од животниот стил на луѓето. Како телото ни старее се повеќе ни треба контролирана, прецизно адаптирана физичка активност која ќе го регенерира телото и ќе го оспособи да функционира не пречено. Сакаме да изградиме заедница на луѓе кои ќе ги негуваат моралните вредности и кои ќе се поддржуваат меѓусебно. Сакаме да ја изградиме самодовербат и самомотивацијата преку тренингот за снага и кондиција кој луѓето ќе ги направи неверојатно силни. Преку нашиот ДОКАЖАН програм за снага и кондиција, сакаме да им помогнеме на сите професионални спортисти да го подигнат своето ниво на Генерална Физичка Подготовка со цел да бидат подобри во нивниот спорт.
КросФитот не учи да си го запознаеме своето тело и начинот на кој ние се движиме (локомоторните вештини). Ова е многу моќна работа. Ќе си го подобрите/промените секое ниво од вашиот животен стил. Ќе ве направи да сте поздрави, а со тоа посреќни.
Ние имаме едно тело, чувајте го и одржувајте, и тоа вас ќе ве чува.

Loading...
$(document).ready(function () { $('.trigger').click(function(){ var p = '#' + this.id + 'p'; $('.content').not(p).slideUp(); $(p).slideToggle('medium'); }); }); $(document).ready(function () { var $answers = $('.skrieno'); $(".pojaveno").click(function () { var $ans = $(this).next(".skrieno").stop(true).slideToggle('medium'); $answers.not($ans).filter(':visible').stop(true).slideUp(); }) }); $(document).ready(function () { $('.cenovnikot:nth-child(3n+1)').addClass('iscisti'); });