fbpx

Traditional CrossFit Skopje Winter Challenge 2014

From the Blog

Traditional CrossFit Skopje Winter Challenge 2014

На ден 20 Декември 2014 – Сабота, со почеток во 09:00 часот ќе се одржи Традиционалниот CrossFit Skopje Зимски Предизвик во салата на КросФит Скопје.

Цел:
Целта на овој натпревар да се Дружиме, Забавуваме, Натпреваруваме, го градиме СПОРТСКИОТ дух и го развиваме КросФит-от како Спорт на Фитнесот.
Ве охрабрувам да се пријавите и учествувате на овој настан. Вежбите ќе бидат дизајнирани од движења кои сите пријавени ќе можат да ги направат безбедно и ефикасно. Вежбите ќе бидат предизвикувачки, исто како што секојдневниот живот ни носи предизвици.
Искористете ја оваа можност да направите нешто поразлично од другите. Излезете од ова наше сивило на секојдневието и направете нешто со што ќе се гордеете, нешто за што ќе зборувате со гордост и емоции. Без разлика да ќе победите или не, СО САМОТО УЧЕСТВО ВИЕ СТЕ ВЕЌЕ ПОБЕДНИЦИ БИДЕЈЌИ СТЕ РЕШИЛЕ ЦВРСТО ДА ЗАСТАНЕТЕ И СЕ СООЧИТЕ ПРЕД ПРЕДИЗВИКОТ НА НЕПОЗНАТАТА ИДНИНА.

Пропозиции и пријавување:
1. Натпреварувачите треба да фомираат Тимови. Секој Тим треба да се состои од 2-ца мажи и 1 женско.
Бидете отворени, пријателски расположени, имајте натпреварувачки дух и поканете ги нашите Кросфитерки во вашите тимови.
2. Секој Тим мора да има ИМЕ (Fantastic 3, Three Musketeers…) бидете креативни…Пријавувањето го вршите со вашето Тимско Име.
3. Оној Тим кој нема Женски член, пред почеток на вежбата прават ВЛЕЗНИ 35 Склекови. Тимот почнува заедно да ги прави склековите, а кога и последниот член ќе заврши, тогаш ќе може Тимот да почне со натпреварувањето.
4. При пријавувањето се плаќа партиципација од 150 ден по член. Овие средства ќе бидат наменети за наградниот фонд.
5. Пријавувањето се врши најдоцна до 19.12.2014 година на следниот ЛИНК:, а плаќањето се врши во салата на КросФит Скопје (Нено или Жаре).

Loading...