fbpx

Crossfit

Crossfit

КросФит групните часови се основата на нашиот клуб. Цената е 2800ден. Ги организираме во Понеделник, Вторник, Среда, Четврток, Петок и Сабота. Овие часови може да ги посетувате само доколку сте го завршиле Интро Курсот. Задолжителна е претходна резервација на часовите од КАЛЕНДАРОТ!.

КросФит е основен програм за снага и кондиција. Нашиот сеопфатен пристап кон фитнесот ви овозможува да го зголемите физичкиот капацитет низ годините и различните модалитети. Нашите вежби вклучуваат движења од Олимписко кревање на тегови, Гимнастика, Powerlifting, Калистенички вежби, Трчање (спринтови, кратки и долги патеки) комбинирани во различни временски интервали, повторувања и интензитет.
Еден КросФит час вклучува:
– Организирано загревање (генерално и специфично),
– Дел за снага или вештина,
– Кондиционен дел
– Органзирано истегнување и регенерација на телото и мобилност.
Секоја вежба е дизајнирана да безбедно гo предизвика вашиот физички капацитет, каде ќе ви овозможи да ја развивате вашата снага, сила и издржливост. Исто така, секоја од вежбите се прилагодува според вашиот физички капацитет.
Сите часови ги изведуваат сертифицирани инструктори кои постојано ќе ве водат низ вежбите и специфичните движења со цел да го постигнете вашиот најдобар резултат. На овие часови ќе се посветува големо внимание на техниката и константноста на правилното движење додека вежбате и секако дека ќе бидат со поголем интензитет.

Се почнува со No Sweat Intro. Тоа се задолжителни часови каде вие ги учите основните и специфичните движења и принципи на КросФит, а кои ќе ви помогат не само во вежбањето туку и во секојдневниот живот! Доколку имате претходно фитнес и спортско искуство само ќе ви помогне побрзо да се вклопите во КросФит тренинзите.
No Swaet Intro (Fundamentals). Ова се приватни часови на кои се учат и увежбуваа основните движења во КросФит-от.
– Серијал Чучњеви (Air Squat, Front Squat, Overhead Squat)
– Серијал Туркања (Shoulder Press, Push Press, Push Jerk)
– Серијал Подигнувања (Dead Lift, Sumo Dead Lift High Pull and Medicine Ball Clean)
– Останати Специфични Движења (Wall Ball, Thrusters, Pull Ups, Kettlbell Swings, Toes to Bar, Cleans, Snatch, Muscle Up)
– Основи на Исхраната
– Што е КросФит?
– Што е Фитнес и начин на Исхрана

Предности на КросФит чланарина:
– Неограничено присуство на сите КросФит часови во различни временски интервали (вие сами си го одредувате времето за вежбање),
– Бесплатно присуство на сите КФСК работилници исхрана и фитнес едукација, каде не гостуваат предавачи од странство,
– Бесплатни совети за исхрана и мерења на телото,
– Слободен пристап на Open Gym часовите,
– 24/7 достапни тренери за совети и едукација,
– Компетитивна, Мотивирачка и Забавна атмносфера,
– Можност за меѓународно натпреварување.

Пријавете се Бесплатен час ПРИЈАВИ СЕ!

Loading...