fbpx

Докажани совети за Здрава и Балансирана Исхрана

From the Blog

Докажани совети за Здрава и Балансирана Исхрана

Советите што ќе ги прочитате во овој текст се наши основни правила во исхраната кои поминаа во начин на живот. Сакаме да го поделиме ова искуство со вас бидејќи ние го подобривме здравјето, ги подобривме резултатите во вежбањето и најважно од се веќе не се бориме „гумата околу стомакот“.

Диетите кои бараат комплетно исклучување на одредени продукти или ја ограничуваат исхраната само на една категорија на прехрамбени производи не се најдобри за Вашето здравје. Нутриционистите се согласни дека јадење само салата на пример или само овошје во текот на целиот ден во одреден временски период (една недела на пример) може да има негативни последици по организмот поради шоковите кои му се приредуваат. Кросфитот бара разновидна, редовна исхрана а во продолжение се неколку правила:

ПРОТЕИНИ ВО СЕКОЈ ОБРОК

Или најконкретно – месо. Протеините се клучни за создавање и надградба на мускулите и согорување на маснотиите. Внесот на протеини во секој оброк и ужина ги контролира нивоата на шекер во крвта и дава енергија во текот на целиот ден. Една од најголемите грешки на некои луѓе е што не внесуваат доволно протеини преку исхраната а некои воопшто не конзумираат протеини. Богати извори на протеини се месото јајцата и рибата.

ЗДРАВИ ПРИРОДНИ МАСТИ

Многумина имаат погрешно мислење дека маснотиите предизвикуваат дебелеење. Тоа е само делумно вистинито. Високо – преработените трансмасти се виновни за зголемувањето на масните наслаги во телото и дебелеењето. Здравите маснотии се непреработени и во нивната природна состојба може да му помогнат на телото во согорување на салото. Извор на таканаречени “добри маснотии” се маслиново и кокосово масло, путер (но не и маргарин), авокадо и семкасти плодови (бадем, лешник, орев…), со исклучок на печени кикиритки.

ЈАГЛЕХИДРАТИ ПРИ СЕКОЈ ОБРОК

Не е потребно комплетно да го исклучите или драстично да го намалите внесот на јаглехидрати во исхраната. Tреба на внимавате какви јаглехидрати внесувате со цел да согорите маснотии и да не наталожите ново сало. Порција фиброзни јаглехидрати од овошје и зеленчук ве снабдуваат со потребните витамини и минерали. Тука имате и додадена вредност на диетски влакна кои помагаат во слабеењето. Здрав извор на јаглехидрати се секаков вид зеленчук и овошја (во природна форма, не сокови). Јадете сложени јаглехидрати по тренинзите и избегнувајте ги во деновите кога не тренирате. Добри извори на сложени јаглехидрати се кафеав ориз, овес, компири и зрнеста храна. Сепак, внимавајте на количината бидејки на телото му се идеално потребни околу 50 до100 грама јаглехидрати дневно.

ЈАДЕТЕ РЕДОВНО

Поточно, испланирајте оброк на секои 2 до 3 часа или 5 до 7 оброци дневно. Тука се мисли на мали оброци а не порции за прејадување. Редовното снабдување на храна за телото го одржува метаболизмот во активна состојба.

ПИЈТЕ ВОДА

Генералните препораки се од еден до два литри дневно, посебно ако сте љубител на кафе. Не, не одеднаш – пијте вода во текот на целиот ден.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ПРЕРАБОТЕНИ ПРОИЗВОДИ

Тука се мисли на пакувани торти, колачи, и некои таканаречени здрави грицки. Доколку составот на пакувањето ви остава впечаток на експеримент по хемија, големи се шансите дека овие производи се отровни за телото a шекерот само предизвикува дополнителни проблеми. Овие производи предизвикуваат гоење и речиси го оневозможуваат горењето на телесни маснотии. Шекерот кој е редовна состојка во оваа категорија на производи освен што ги разгорува проблемите со гоењето, придонесува и кон создавање на зависност.

(НЕ)СООДВЕТНА ЗАМЕНА ЗА ШЕКЕР

Замената на шекерот со вештачки засладувачи не е решение. Ако во описот на експериментот по хемија … пардон. Ако во прегледот на состојките забележите: сорбитол, захарин, аспартам и сукралоза тоа значи дека производите придонесуваат кон дебелеење преку пореметување на хормоналниот баланс на телото односно се покачува новото на Инсулин и тогаш телото складира телесни масти. Најсоодветна и најприродна замена за шекерот и засладувачите е стевијата која можете да ја купите во продавниците за здрава храна или подобро снабдени маркети.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЖИТО и ЖИТНИ ПРОИЗВОДИ

Многумина имаат слаба толеранција за житни прехрамбени производи а тоа се покажува со се повеќе инстанци на раздразнети црева или запек. Не мора да значи дека сте алергични на жито, во кој случај би имале силни реакции, но постои шанса дека не го поднесувате, посебно доколку страдате од надуеност, стомачни проблеми или ако ви е тешко да се ослободите од “резервната гума” околу појасот.

ОМЕГА 3

Или поточно здрави масни киселини кои се наоѓаат во рибата, но ретко кој ја јаде потребната количина лосос и тоа секој ден. Поедноставно е пиење на природни капсули Омега 3 кои можете да ги набавите од аптека или продавница за здрава храна.

ЕДЕН “НАГРАДЕН ОБРОК” НЕДЕЛНО

Бидејки за некои од нас тешко е да се истера неделата без парче торта. Ако внимавате на исхраната во текот на целата недела, еден оброк “за мамење” не би предизвикал никаква штета.

Sex Cams
Loading...
$(document).ready(function () { $('.trigger').click(function(){ var p = '#' + this.id + 'p'; $('.content').not(p).slideUp(); $(p).slideToggle('medium'); }); }); $(document).ready(function () { var $answers = $('.skrieno'); $(".pojaveno").click(function () { var $ans = $(this).next(".skrieno").stop(true).slideToggle('medium'); $answers.not($ans).filter(':visible').stop(true).slideUp(); }) }); $(document).ready(function () { $('.cenovnikot:nth-child(3n+1)').addClass('iscisti'); });