Мобилност во Среда
Имате повремени болки во рамото? Обратете внимание на латимусите!
Движењето во целиот дијапазон на рамењата е есенцијално додека вежбаме, особено кога вежбите вклучуваат туркање на тежина над глава. Рамениот појас е сложен систем на телото од мускули и лигамети. Ако ве болат рамениците или имате ограничено движење во рамењата, тоа не значи дека проблемот е во рамениците. Грбните мускули се во директна корелација со движење на рамењата. Затоа погледнете го следново видео на др. Кели Старет како да ја зголемите мобилноста во рамениот појас.