ОД РЕАЛНО ШОУ ЗА СЛАБЕЕЊЕ ДО КРОСФИТ
Прв пат слушнав за Кросфит од моите роднини но мојата главна цел беше да ослабам и тоа преку реално шоу на телевизија, вели 25 годишната Кортни Рејнвил. По петнеделно гостување на The Biggest Loser таа отпаднала од емисијата и одлучила да се посвети на Кросфит. “Кога прв пат почнав да тренирам, морав комплетно да го променам начинот на гледање на работите. Морав да си ја проголтам гордоста и да слушам” вели Рејнвил.