Понеделничка мотивација
Интензивни вежби во краток временски период и неретко со големи тегови. На прв поглед, Кросфит изгледа застрашувачки. Без разлика дали сте одлучни да ја надградите културата на живеење, барате дополнителна активност за во слободното време или корекција на изгледот, желбата – поточно мотивацијата е клучна, а за се останато има начин.
Никој не мора да крева тегови или да трча уште на првиот час. Не велиме дека тоа не би се случило во иднина, но ако се прашувате дали мора да бидете во топ форма за да почнете со КросФит, одговорот е НЕ. Секој нов член поминува подготовки на часови дизајнирани за почетници, а различните програми се прилагодливи за сечии способности, зависно од физичката подготвеност, возраста итн.
По почетничкиот период, клучно е совладување на правилни телесни движења. Издржливоста, кондицијата и напредокот кон покомплексни и понапорни вежби се условени од правилното движење за што тимот на Кросфит Скопје е задолжен да Ве води.
Вежбањето КросФит е многу повеќе од фитнес. Целта е да Ве води сопствената мотивација за да секогаш целите кон подобро.
Доклку сеуште се двоумите погледнете го видеото и ве очекуваме на тренинг! За пријавување за бесплатниот час искористет го следниот ЛИНК.