ASHTANGA Yoga
Со големo задоволство ви најавуваме дека во КросФит Скопје ќе почнеме со Аштанга Јога која ќе биде во функција КросФит тренингот, со фокус на рекуперација и мобилност на телото (mobility and recovery). Искористете го овој ПРОМОТИВЕН период да го почуствувате благодетот и направете ја разликата.
Аштанга е физичка јога, која преку акцентирање на три точки (дишење, положба на тело и концентрација) развива внатрешна сила и стабилност.Зошто?
– флексибилност и истегнување на мускулите
– вежбање концентрација и насочување на истата (многу важно кога се работи со големи тежини)
– детоксификација на мускулите и внатрешните органи
– релаксирано, но цврсто тело
– контрола на дишењето
Што добивате од тоа?
– здравје
– отсуство на мрзливост во телото
– смирен ум
– поквалитетен живот
– минимализиран ризик од повреди
– насока и јасна цел, како на тренинзите така и во животот
Дојдете и пробајте денес во 18:00 часот во сала!