CrossFit Skopje Winter Challenge
Четврта година по ред ќе се организира “CFSK Winter Challenge” кој ќе се одржи во салата на CrossFit Skopjе на 26 Декември со почеток во 09:00 часот.
ФОРМАТ:
Натпреварот ќе биде Тимски (Тим од 3-ца). Пожелно е Тимовите да имаат барем 1 женско.
Ќе има 3 квалификациони вежби. Најдобрите 5 Тимови ќе се натпреваруваат во ФИНАЛЕТО!
КАТЕГОРИИ:
За прв пат оваа година ќе има 2 категории: Елитна и Спортска категорија.
Вежбите во Елитната категорија ќе се изведуваат како што се пропишани. Во Спортската категорија вежбите ќе бидат направени со цел да може секој кој барем малку е редовен во вежбањето.
ОБВРСКИ:
ЗАДОЛЖИТЕЛНО сите Тимови со себе да понесат желба за ДРУЖЕЊЕ, ЗАБАВА и НАТПРЕВАРУВАЊЕ! Целта е пред се да направиме забавна атмносфера и воедно да го измериме нашето Фитнес ниво и физичка подготвеност!
ПРИЈАВУВАЊЕ и КОТИЗАЦИЈА:
Котизацијата ќе биде 100денари од член на тимот. Оваа сума ќе биде дел од наградата која ќе се доделува на првите 3 тима. Како и секоја година пријавувањето на вежбите ќе биде онлијан на нашиот веб сајт.
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Е 15 ДЕКЕМВРИ.
Следете ги понатамошните инструкции за начинот на изведување на вежбите и СТАНДАРДИТЕ!
Бидете дел од единственото и ТРАДИЦИОНАЛНО КРОСФИТ Натпреварување во Македонија!