Исхраната и физичкиот перформанс
Постигнување на посакуваните резултати и напредок во спортот кој го практицираме не се состои само од „добар тренинг“.
Многумина од нас вежбаат напорно, напредуваат и постигнуваат добри резултати. Но за некое време чуствуваме дека немаме напредок. Колку и да вежбаме нема подобрување на резултатите. Постигнуваме „плато“. Тоа е состојба каде повеќе не се напредува, не постигнувате ПР-ви (персонални рекорди), а најчесто се случува и да се назадува, односно резултатите опаѓаат. Овој проблем директно е поврзан со начинот на исхрана, односно решението е во начинот на исхраната.
Тренерот Грег Гласмен, основачот на Кросфит-от, ја има направено пирамидата во која теоретски ја објаснува хирархијата на процесот на развојот на еден спортист. Оваа пирамида исто така е важна и за рекреативците.

Оваа пирамида се базира на принципот на градење на последователните блокови. Базата е Исхраната, како основа за живот на човекот. Ако базата не е добра сите останати блокови не би биле стабилни и цврсти. Со други зборови кажано, вашите физички перформанси нема да бидат тоа што може да бидат во секоја област посебно.
Другите блокови ќе ги објасниме во наредните текстови.
Исхраната е основата не само за физичките перформанси туку и за општото здравје. Има една стара поговорка: „Лекот е во храната, храната е лекот“. Човечкото тело е комплексен склоп на системи. Затоа храната која ја внесуваме мора да биде балансирана односно телото мора да ги прими сите потребни протеини, јаглехидрати и масти со цел системите во телото да бидат синхронизирани. Оваа синхронизација е директно поврзана со нашето здравје и физичкиот перформанс.
Исхраната мора да биде мерлива, да може да ја следиме и да може да ја прилгодуваме
Со цел да постигнеме разултати во тренингот, исхраната мора да биде мерлива, да може да ја следиме и да може да ја прилгодуваме. Ние во КросФит Скопје ја користиме Зонската исхрана како едноставен метод кој може лесно да се мери, на се следи и прилагодува. Во исто време ни обезбедува и ист „јазик“ за полесна комуникација колку количина односно колку Блокови внесуваме. Едноставно бесцелно е да кажете дека се храните правилно, добро или здраво ако немате систем кој ќе ви овозможи да видите која и колку храна ви е потребно да внесете за да го подобрите вашиот физички перформанс.
Кросфит Скопје веќе има поставено систем на исхрана кој може да ви помогне да го зголемите вашиот перформанс. Нашиот пристап е индивидуален. Не постои едено решение за сите. Ние сме фокусирани на секој спортист, рекреативец посебно. Нашата врата е отворена за сите консултации и совети како да го подобрите вашиот перформанс.
Зоран
Иванов
CrossFit Level 2 Trainer