fbpx

Минерали – елементи кои живот значат

From the Blog

Минерали – елементи кои живот значат

Минералите се неоргански хемиски елементи, има 103, а 80 од нив се наоѓаат во нашето тело. Минералите сочинуваат 4,5% од телесната тежина на нашето тело, а повеќето од нив се наоѓаат во коските. Телото само по себе не може да ги создаде и мораме да ги внесуваме преку храна, вода и лекови. Минералите се од суштинско значење за градење на ензими, хормони, хемоглобин, структурни протеини, витамини, а преку нив и да влијаат во речиси сите делови на човековото тело. Секој минерал има специфична функција и тие се меѓусебно поврзани.

Листата на есенцијални минерали не е конечна. За поголемиот дел од есенцијални минерали се препорачува доза (RDA). Употребата на минерали добива се поголемо значење во превенција и терапија исто како и витамините, а се препорачува пред користење на истите да се консултира доктор или фармацевт.

Минералите се од суштинско значење за градење на ензими, хормони, хемоглобин, структурни протеини, витамини, а преку нив и да влијаат во речиси сите делови на човековото тело.

Железо (Fe)

Железото е еден од најважните минерали во телото на човекот. Со избалансирана исхрана во организмот консумираме 10-30мг железо на ден. Како природен извор, железото може да се најде во: говедско, пилешко, телешко, туна, остриги, соја, семки од тиква, овес, грашок, квасец, и многу други.
Недостатокот на железо е многу честа појава, а се верува дека 30% од жените имаат недостаток на железо. Причините можат да бидат неадекватна исхрана, погрешна апсорпција, загуба на крв, посебни услови, како што се бременоста, детската возраст, адолесценција, репродуктивниот период… Главните симптоми се замор, намалена физичка способност.
Препорачаната дневна доза за здрава жена (RDA) е 10мг железо, а за мажи е 15мг.

Kалциум (Ca)

Природни извори на калциум се млеко, јогурт, сирење, овес, броколи, бадеми, спанаќ, соја, ореви, суви сливи. Преку правилна исхрана внесуваме околу 800мг калциум на ден.
Калциумот е најзастапен минерал во човечкото тело. Тој учествува во многу витални процеси, е од суштинско значење за коскената осификација, нормални мускули контракции, учествува во регулацијата на пропустливост на клеточната мембрана. Многу чест случај е недостатокот на калциум. Зголемениот внес на калциум е од голема важност, поготово во време на раст и развој, но и во доцните години од животот.
Препорачаната дневна доза (RDA) за здрави луѓе е 800мг.

milk

Магнезиум (Mg)

Преку правилна исхрана дневно внесуваме околу 300мг на магнезиум. Природни извори на магнезиум се соја, кикирики, лиснато зелен зеленчук, семиња, ореви, банани, овес, авокадо, компир во лушпа, кафеав ориз.
Во човечкото тело е повеќе од половината од магнезиумот е присутен во коските. Тоа е важен минерал, бидејќи учествува во повеќе од 300 ензимски системи во телото.
Препорачаната дневна доза на магнезиум за здраво женско лице е 320мг и 420мг за мажи.

Цинк (Zn)

Преку балансирана исхрана дневно внесуваме 8,6мг-14мг цинк. По природен пат цинкот можеме да го конзумираме преку: остриги, говедско месо, рак, мисирка, туна, пивски квасец, соја, семки од тиква, сирење, грашок.
Цинкот е присутен во сите органи, а повеќето од тоа се наоѓа во црвените крвни зрнца, коските, мускулите, црниот дроб и простатата. Цинкот е влкучен во растот и делба на клетките, имунолошкиот систем, репродукција…
Препорачаната дневна доза за жените е 12мг, а за мажите 15мг цинк.

Nатриум (Na)

Натриумот главно се внесува преку сол, од прилика внесуваме 4г-12г натриум дневно. Храната која ја конзумираме најчесто има многу сол, особено преработената, конзервираната, пушената, рибата, алгите и други видови морска храна. Натриум е исклучително важен за регулирање на киселинско-базната рамнотежа и заедно со калциумот и калиум ја одржува функцијата на нервните и мускулни клетки.
Препорачаната дневна доза според СЗО (Светска здравствена организација) е 3,9г на сол за здрави возрасни.

Калиум (K)

Калиумот е широко присутен во храната, особено во овошјето и зеленчукот. Природни извори се суви кајсии, авокадо, компири, грав, домати, банани, брокула, портокал. Во телото калиумот воглавно се наоѓа во клетките. Има голема улога во преносот на нервните импулси, мускулната контракција и за одржување на нормален крвен притисок …
Недостатокот на калиум често се јавува како пропратен ефект на земање на диуретици, а симптомите се: гадење, анорексија, апатијата, поспаност и раздразливост.
Препорачаната дневна доза (RDA) на здрави возрасни лица е 2.000мг калиум на ден.

kitten minerals

Селен (Se)

Природни извори се: школки, овес, семки од сончоглед, кафеав ориз, јачмен, сок од портокал, кокос, лук, свинска маст.
Селенот го стимулира метаболизмот и го штити телото од штетните ефекти на слободните радикали. Тоа влијае на имунолошкиот систем на организмот.
Преголема доза на селен може да предизвика токсичност, и границите помеѓу терапевтски и токсични доза е многу ниска.
Препорачаната дневна доза (RDA) е 55мг.

Јод (J)

По природен пат јодот се наоѓа во: треска, харинга, сардини, морски плодови. Содржината на јод значително се намалува во процесот на подготовка на храна.
Во телото во најголем дел се наоѓа во тироидната жлезда. Јодот е дел од тироидните хормони, кои се од суштинско значење за клеточниот метаболизам и раст на многу органи (посебно на мозокот).
Многу познато е и локалното делување на јодот кое се заснова на неговата реактивност и антибактериско дејство, па затоа се користи и како средство за дезинфекција и антисептик.
Дефицитот на јод е еден од најраспространетите здравствени проблеми во светот.

IMG_7741-0901 Стојан Анастасов
КФСК

Loading...
$(document).ready(function () { $('.trigger').click(function(){ var p = '#' + this.id + 'p'; $('.content').not(p).slideUp(); $(p).slideToggle('medium'); }); }); $(document).ready(function () { var $answers = $('.skrieno'); $(".pojaveno").click(function () { var $ans = $(this).next(".skrieno").stop(true).slideToggle('medium'); $answers.not($ans).filter(':visible').stop(true).slideUp(); }) }); $(document).ready(function () { $('.cenovnikot:nth-child(3n+1)').addClass('iscisti'); });