fbpx

Митот за кардио тренингот и топењето на телесни масти

From the Blog

Митот за кардио тренингот и топењето на телесни масти

Во човековото тело постојат три метаболички енергетски процеси, преку кои организамот генерира енергија за работа и тоа:

1. Фосфоген процес
Овој процес се вклучува при активности со употреба на максимална сила, а кои не траат повеќе од 10 секунди. Во случаи кога треба да кренеме нешто многу тешко!
2. Гликолитички процес
Овој процес доминира при активности кои бараат од нас употреба на умерена до средна сила, која трае релативно кратко трае од 2 – 3 минути. На пример кога треба да ја растовариме колата од куфери при враќање/одење на одмор.
3. Оксидативен процес
Овој процес се вклучува кога имаме активност која трае повеќе од 3 минути. Тоа се активности кои не бараат воопшто употреба на сила, а траат долго, како лесно трчање или брзо одење.

common-diet-movement-problems-and-simple-resolutions-a-typical-employee-3-631118

 

 

„Првите два процеси се викаат анаеробен, а последниот се вика аеробен систем. Со цел, успешно да одговориме на сите секојдневни предизвици, а професионалните спортисти да бидат подобри во нивниот спорт, мора тренингот да ги опфати трите енергетски процеси со цел да се зголеми аеробниот капацитет.”

На пример 324484-1303-52во боксот, ракометот, кошарката и други слични спортови кои траат повеќе од 30 минути, се спортови кои варираат во нивниот интензитет за време на мечовите од максимален спринт или удари со рацете до максимален одмор за време на паузите. Затоа спортистите ќе имаат многу голема корист ако нивниот аеробен капацитет се зголеми, но при тоа да не се изгуби од снагата, силата, брзината и издржливоста! Тренигот кој успешно ги користи трите енергетски процеси дополнително ќе го објасниме во наредните статии!

 

„Храната е основен извор на „гориво“ за создавање на енергија. Таа игра голема улога во постигнувањето на целите преку тренинзите! Мастите се главната состојка која го снабдува нашиот аеробен систем со енергија. Колку е по јак аеробниот капацитет, толку повеќе користиме масти, наместо шеќери (гликоген) за извор на енергија.”

Кога нашиот аеробен капацитет е многу слаб, тогаш ни треба многу повеќе енергија која доаѓа од шеќерот, поради брзото разградвање и чуството на заситеност. За да го задоволиме нивото на енергија, ние мора да внесеме шеќери или храна богата со скорб, но на тој начин само го зголемуваме нивото на  инсулинот (хормон кој складира телесни масти), кој директно влијае на исклучување на способноста на телото да ги користи мастите како енергија. Поради оваа причина се почесто слушаме:„….ПРАВАМ КАРДИО, НО НИКАКО ДА ОСЛАБАМ…“! Ако е така, тогаш најверојатно правите нешто погрешно!

Доколку внесувате храна и истата количина ја трошите (искрено за ова ќе ви треба многу броење на калории, а тоа е активност која многу замара и секогаш не сте во можност да броите , па од практични причини најверојатно ќе престанете да ја правите за не повеќе од 1 до 2 месеци), тогаш е сосема ОК. Но, про

блемите настануваат ако рамислувате во насока:„… трчањето е кардио, а за кардио ми требаат многу јаглехидрати (паста или храна богата со шеќер) пред секој тренинг за да издржам…“. На овој начин вие само внесувате шеќери за енергија, а го исклучувате системот на трошење на масти кој ги претвора во енергија. Со ова може да се доведете во ситуација да комплетно го исклучите телото од трошење на масти. Најдобар извор за начинот на зголемување на аеробниот капацитет е д-р Фил Мафитон кој истражувал во ова поле преку 40 година и бил тренер на најдобрите триатлонци и Iron man спортисти.

 

 

Решение е балансирање на исхраната и тренигот. Нема потреба од дополнително внесување на шеќери во исхраната. Зонската исхрана која ја користиме во КФСК го контролира нивото на инсулин во телото, преку балансиран внес на протеини, јаглехидрати и масти во количина соодветна на нашите дневни потреби. Во исто време, потребно е тренингот да ги опфаќа сите три метаболички патишта како би го покачиле нашиот аеробен капацитет и би го привикнале телото да користи масти за енергија, наспроти користење на шеќери за енергија.

Зоран12-001 Иванов
CrossFit Level 2 Trainer

 

Sex Cams
Loading...
$(document).ready(function () { $('.trigger').click(function(){ var p = '#' + this.id + 'p'; $('.content').not(p).slideUp(); $(p).slideToggle('medium'); }); }); $(document).ready(function () { var $answers = $('.skrieno'); $(".pojaveno").click(function () { var $ans = $(this).next(".skrieno").stop(true).slideToggle('medium'); $answers.not($ans).filter(':visible').stop(true).slideUp(); }) }); $(document).ready(function () { $('.cenovnikot:nth-child(3n+1)').addClass('iscisti'); });