Наједноставниот доручек, ужина…
Поради динамиката за секојдевните обврски најчесто ги прескокнуваме оброците! Но подготвувањето на правилен оброк кој ќе ги задоволи сите нутритивни потреби нетреба да ни преставува дополнително оптеретување во секојдневието.
Ова е 2 блока Зонски оброк. Доколку не сте појадувале, а сакате да напрвите енергичен утрински тренинг, мора да го поддржите со соодветна храна која нема да го оптоварува стомакот, а ќе ви даде енергија во тренингот. Овој е лесен, високо енергетски. Предноста е во тоа што во зависност од вашите потреби, физички преформанс или обликување на телото овој оброк можете да го прилагодувате според целтта која сте си ја поставиле.

Состојки:
1 х Јаболко – 2 блока
120 gr x Ниско маслена урда – 2 блока
1 х кафена лажица х Маслиново масло
2 х кафени лажици х Ленено семе (ми се потрошија бедемите, па морав да направам замена)
Нутритивна вредност:
Калории – 320
Протеини – 14 гр
Јаглехидрати – 34 гр
Масти – 11 гр
За повеќе детали како да ја прилагодувате вашата храна според потребите, посетете не на некој од наште часови. Пријавување на дадениот ЛИНК.