Не е важно каде почнуваш, важно е каде завршуваш
Кој е најфит човек на планетата? Како може да се дознае одговорот на ова прашање? Каде сум јас во оваа приказна?
Секоја година се организираат CrossFit Games со цел да се дознае кој е најфит човек на Земјата. Преку серија на 12 вежби кои се распоредени во 4 денови, распределени во две категории (машка и женска), стои еден победник кој е крунисан за најфит маж и најфит жена на светот.
Наредната година, CrossFit Games претрпуваат ситни промени. Бројот на учесници е лимитиран на 300. Тоа резултирало со многу поплаки од некои од подобрите натпреварувачи кои не успеале на време да се регистрираат, бидејќи им било одземено правото на учество.
За да се избегнат проблемите со пријавите од претходната година, во 2009 година се организирани квалификации на регионално ниво. Во оваа година е додадено и тимското натпреварување. Ова е единствена година каде што победник во машка конкуренција е некој надвор од Америка. Тоа е Mikko Salo кој потекнува од Финска.
Поради зголемениот интерес во 2010 година, се додадени натпреварувања во Секции, преку кои се продолжува на Регионалните натпреварувања, па од таму на CrossFit Games. Додадени се регонални квалификации за тимските наптреварувачи и уште една категорија наречена Masters (натпреварувачи со 40+ години). Во 2010 натпреварувањето се сели во јужна Калифорнија во Home Depot Center. За првпат, CrossFit Games се пренесувани ореку online stream на официјалната web страна. Наградата за прво место изнесувала 25 000$.
Во 2011 година, се што треба еден натпреавувач да поседува е интернет коненција, 20$ и камера. Натпреварувањата од Секциите се заменети со online систем на натпреварување наречен „CrossFit Games Open“. На Open може да се пријави буквално секој. Квалификациите траат 5 недели, секој четврток се објавува по една вежба. Рокот за да се изведе, сними и објави резултат за истата е до понеделник. Мастерс катеогријата е поделена на 4 годишни групи. (45-49, 50-54, 55-59, 60+). Од оваа година, официјален спонзор на CrossFit, па ѝ до ден денес е Reebok. Затоа и натпреварувањето го носи името The Reebok Crossfit Games. Наградата за прво место изнесувала 250000$ и за првпат се пренесувани на телевизија ESPN 3.
Бројот на натпреварувачи во 2012 година достигнува дури до 69.000 луѓе на светско ниво. На Регионалното натпреавраување продолжуваат 60 индивидуалци (30 мажи и 30 жени) и 30 тимови од 17-те региони во Светот. Најдобрите 3 мажи, 3 жени и 3 тима од секој регион, своето наптрепаврување го продложуваат на CrossFit Games. Во 2013 година пријавени се преку 138.000 натпреварувачи на CrossFit Games Open. Оваа година по 48 мажи и жени и по 30 тимови продолжуваат на Регионалните натпреаврувања. Бројот на натпреварувачи од секој регион варира во зависност од квалитетот и неговата големина. Мастерс катеогријата се проширува со тоа што стартува од 40+ години.
Во 2014 година пријавени се преку 209.000 натпреварувачи за CrossFit Games Open. Наградата за прво место изнесувла 275 000$. Ова е последната година како индивидуален наптреварувач на најдобриот кросфитер и сертифициран шампион за Rich Froning Jr. Тој продолжува да се натпреварува во тимска категорија. Тука почнува мојата приказна поврзана со CrossFit Games.
По две години рекреативно тренирање, во 2014 година за прв пат се пријавив на CrossFit Games Open. Ме интересираше нивото на мојот фитнес, а ова беше едниствениот вистински тест. Сакав да си го видам името на ранг лист заедно со уште 12.000 други во мојот регион. Го давав својот максимум на секоја вежба. Со секоја наредна вежба, се повеќе луѓе остануваа да ме бодрат додека ги изведував истите. Сосем случајно започнавме една мала традиција. Секоја сабота после тренингот се снимав за CrossFit Games Open. Пласманот ми се подобруваше од вежба во вежба. После првата вежба бев 1789, а натрпеварувањто го завршив на 1338 позиција во Европа. Со рекреативно тренирање на CrossFit, 5 пати неделно, еднаш во денот, па ѝ не беше така лош пласманот. Што би се случило кога би внимавал на исхрана, кога би се посветил комплетно?
Во 2015 година пријавени се повеќе од 273.000 натпреварувачи за CrossFit Games Open. Од оваа година додадени се две категории за јуниори (14-15 I 16-17). Исплатени се рекордни 2 000 000 $ во награди.
Не бев задоволен од резултатот што го постигнав минатат година. Затоа во 2015, причината за мое пријавување на CrossFit Games Open беше поинаква. Имав јасно поставена цел, а таа беше да бидам во топ 700 натпреварувачи во Европа. Доказ за зголемување на мојот фитнес имаше уште во втората вежба. Организаторите на натпреварувњето повторија вежба од претходната година. Втората вежба на CrossFit Games Open во 2015 година беше идентична со втората вежба од 2014 година. Имав подобрување од цели 70 повторувања. Традицијата продоложи. Секоја сабота после тренинг останувавме и се снимав како изведувам вежба. Бев 1281 на ранг листата после првата вежба. По завршувањето на четвртата, се наоѓав на 748 позиција. Уште само една добро изработена вежба и целта е исполента. Во петтата вежба имаше Rower машина (машина за веслање). Ова беше големо изненадување за сите КросФит клубови, вклучувајќи не и нас. Машина за веслање во тој момент ја немавме во нашата сала. Поради овој недостаток, не успеав да го завршам натрпреварувањето до крај.
Сметам дека за оваа година ја имаме потребната опрема и нема да го имаме истиот проблем. Целта на овогодинешниот CrossFit Games Open ми е да се пласирам во топ 400 натпреварувачи во Европа. Тренирам напорно, комплетно сум посветен на тоа што го правам и не гледам зошто не би можел да ја остварам својата цел.
Затоа ве поканувам да земетe учество во што поголем број бидејќи тоа е единствениот начин да се теститрате самите себе, да бидете дел од најголемото фитнес натпреварување и да направите нешто поразлично од сите останати! Не довумете се, пријавете се на ОВОЈ ЛИНК, а ние од КросФит Скопје ви стоиме на располагање за сите прашања и помош!